ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ЛЕСС НА ОПШТИНА БИТОЛА
30.10.2014
На 30-ти октомври 2014 година во центарот за вработување на Битола се одржа седница на Локално економско- социјалниот совет. На оваа седница покрај членовите на ЛЕСС Битола, присуствуваше и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски.
Со седницата раководеше претседавачот, претседател Томе Давков. На седницата беа разгледувани прашањата од дневниот ред меѓу кои: утврдување на статусот на активностите и идентификување на потребите за подобрување на ефикасноста на ЛЕСС Битола, заклучоци од средбите на ЛЕСС- овите во Охрид од септември 2014 г., планирање на работата на ЛЕСС Битола за наредните шест месеци, со можност два главни приоритети да бидат поддржани финансиски од УСАИД- YES Мрежата, како и беа дадени податоци за новиот проект на ЕУ „Поддршка на агенцијата за вработување за посредување на активните мерки и услуги на пазарот на трудот“.
Претседателот д-р Митревски, ги информираше присутните за начинот на работата на Националниот економско- социјален совет- НЕСС, и воедно пласира повеќе идеи за унапредување на работата на ЛЕСС- овите.