ПОТВРДА НА АКТИВНОСТИТЕ НА СИНДИКАТИТЕ ЗДРУЖЕНИ ВО ССМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

16-17.10.2014

Слика 1. Состанок на BWIСлика 1. Состанок на BWI

Голем успех и потврда на активностите на Синдикатот на шумарство, дрвна индустрија и енергетика на РМ, (СШДЕ) и Синдикатот на градежништво, индустрија и проектирање на РМ, (СГИП) е верификуван на европската конференција и состанокот на Европскиот комитет на Светската федерација на синдикатите на градежништво шумарство и дрвна индустрија (BWI) одржана на 16-17 октомври.

Во рамките на одржаната конференција, која беше посветена на активностите на BWI и реализацијата на спортските кампањи како шанса и предизвик на синдикатите, планот за активности 2014-2017 и приоритети во 2015 година, претседателот на синдикатот на шумарство, дрвна индустрија и енергетика на РМ, (СШДЕ) и претседател на ССМ, д-р Живко Митревски и претседателот на синдикатот на градежништво, индустрија и проектирање на РМ, (СГИП), Павел Трендафилов беа избрани за членови на Европскиот комитет на оваа светска федерација.

Слика 2. Присутните на состанокотСлика 2. Присутните на состанокот

Изборот на двата претседатели за членови во Европскиот комитет претставува уште една потврда за активностите на овие два синдикати кои ги имаа во спроведувањето на планот и програмата на матичните синдикати, но и на реализација на стратегијата и активностите на BWI, како и ангажманот во делот на ратификацијата на конвенцијата за јавни набавки и потпишувањето на колективните договори.

Во рамките на конференцијата беше одржана и посебна конференција на Секцијата на жени во рамките на BWI, посветена на организирањето на жените во шумарството, дрвната индустрија и градежништвото, како и правата на жените во колективните договори.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc