РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИК НА МОТ
22.10.2014
Слика 1: Претседателот д-р Митревски со претставникот од МОТ на состанокот
На 22.10.2014 година во Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот, д-р Живко Митревски имаше работна средба со вишиот експерт за синдикално работење од МОТ, Овидиу Журка.
На состанокот претседателот го запозна претставникот од МОТ со тековните и идните активности на ССМ во делот на колективното договарање, најновите измени и дополнувања на Законот за работни односи и Законот за БЗР, а една од најактуелните теми на разговорот беше формирањето на центарот за едукација на ССМ.