ИНТЕРВЈУ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ ЗА РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА
9.10.2014
На 9 октомври 2014 година претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, учествуваше во емисијата „Бројки“ во Радио Слободна Македонија.
На прашањата поставени од новинарот Наташа Мерсовска, претседателот д-р Митревски даде своја анализа за актуелната состојба на синдикатот во врска со измените на неколку клучни закони. Тој посебно се задржа на најновите Предлог- измени на Законот за Безбедност и здравје при работа- БЗР, при што уште еднаш ги истакна придобивките од Законот во контекст на заштитата на работниците со што се зголемува улогата на синдикатите во два чувствителни сегменти и тоа: синдикатот да води поголема грижа во зголемување на работничките права, односно дека се зајакнува влијанието и позитивната контрола на синдикатот во заштитата и доследно почитување на работничките права. Исто така, тој даде споредбена анализа за првиот квартал од 2013 и 2014 година околу повредите на работно место, односно во кои сектори има најмногу повреди, при што заклучи дека во оваа година според Државниот инспекторат за труд се бележи опаѓање на нивниот број. Исто така беше споменат и начинот на надзор на работните позиции од страна на синдикатот како и казните кои што се предвидуваат за прекршителите.
Со ова од страна на претседателот д-р Митревски беше посебно истакнато дека кампањата која се водеше по повод Денот на трудот, 1-ви Мај, во целост ќе биде реализирана.
Во текот на разговорот беше споменат и Светскиот ден за пристојна работа, по што претседателот истакна: „Донесувањето на Законот за минимална плата во Република Македонија е најзначајна придобивка на социјалните партнери во обезбедувањето на пристојна работа за работниците во РМ. Долгогодишната заложба на ССМ на овој план се оствари со донесувањето на законот, но со тоа не завршува нашиот ангажман на овој план. Затоа што во изминатиот период се постигна договор за зголемување на минималната плата и исплатат на регресот за годишен одмор популарно наречен К-15 за вработените од приватниот сектор“.
Од страна на претседателот беше спомената и анализата што ја прави Сојузот на синдикатите на Македонија за исплата на регрес за годишен одмор и податоците кои ги има добиено од синдикатите здружени во ССМ до сега евидентирана. Со што состојбата за исплата на регресот за годишен одмор е следна:
- ЕВН ( ССЕСМ ) исплатен е регрес за 2150 вработени;
- 30% од претпријатијата во СШДЕ исплатиле регрес;
- 40% од компаниите каде СГИП има свое членство исплатиле регрес;
- Во дејноста сообраќај и врски исплатен е регрес за 400 вработени во Фершпед АД Скопје , 1200 вработени во Т Мобиле Македонија АД;
- Во тутунското стопанство е исплатен регресот за годишен одмор;
- Во прехранбената индустрија на 30% од членството им е исплатен регресот;
- Во СИЕР , за дел работници е исплатен регресот , за дел исплатата е во тек и се исплаќа на рати
- СПТРМ , во Македонски телеком е исплатен регрес
- Во 9 претпријатија каде СТКЧ има свои членови, исплатен е регрес за годишен одмор на 2939 работници
Уште еднаш претседателот го потенцираше начинот на кои се исплаќа, законските рокови и казните за неисплаќање на оваа право.
На прашањето од новинарот за исплата на регрес за вработените од јавниот сектор претседателот објасни дека преговорите за Општиот колективен договор за јавен сектор се во тек и сеуште има некој отворени прашања за кој е потребно да се дискутира, а едно од овие отворените прашања е и прашањето за исплата на регрес.
На крајот на оваа обраќање, претседателот се осврна на социјалниот дијалог и даде позитивна оценка за него, како начин за остварување на барањата од власта.