РАБОТНА ПОСЕТА НА РАКОВОДСТВОТО НА ССМ ВО ВЕЛЕС

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

30.07.2014

30.07.2014-foto1Слика 1: Претседателот Митревски,  на средба со градоначалникот на општина Велес

Продолжуваат посетите и работниот ангажман на раководството на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, секретарот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски и секретарот во РСП Велес Себаедин Шаќиров, на ден 30.7.2014 година остварија средба со градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев, со кој водеа разговори околу реализација на договорот за формирање на ЛЕСС на општина Велес. На средбата беше констатирано дека институционализирањето на социјалниот дијалог и на локално ниво ќе претставува дополнителен придонес на локалните социјални партнери во остварувањето на стратешките цели на ЛЕСС, посебно околу вработувањето на млади кадри, усогласувањето на процесот на образование и сл.

На состанокот беше договорено дека седиштето на РСП Велес и понатаму да остане во постоечката зграда без оглед на тоа што истата е во рамките на локалната самоуправа. Предмет на разговор беа и понатамошните заеднички активности на ССМ со локалната самоуправа.

30.07.2014-foto2Слика 2: Претседателот Митревски, на средба со генералниот директор на АД „Димко Митрев“- Велес

Истиот ден раководството на ССМ имаше и работна посета на кожарскиот комбинат АД „Димко Митрев“ од Велес, каде разговара со генералниот директор Атанас Киров. Овој комбинат е единствен и најпознат од областа на крзнарството којшто има соработка со шведскиот партнер и познатиот бренд „Shepherd“. Посетата беше искористена за запознавање на раководството на ССМ со производството, спроведувањето на колективните договори, функционирањето на синдикалното организирање и реализација на Законот за безбедност и здравје при работа.

30.07.2014-foto3Слика 3: Претседателот Митревски, во погонот за производство

Оваа претпријатие исто така претставува еден од примерите во кои доследно се реализираат обврските кои произлегуваат од Законот за работни односи, колективните договори и Законот за безбедност и здравје при работа.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc