ПРЕГОВОРИ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КД ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ КОМБИНАТ ЗК ПЕЛАГОНИЈА АД БИТОЛА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

02.06.2014

02.06.2014-foto1Слика. Претседателот Митревски и претседателот Даневски на работната средба во ЗК Пелагонија АД Битола

Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски и претседателот на Агро Синдикатот, Живко Даневски на 02.06.2014 во Битола во ЗК Пелагонија АД Битола имаа работна средба посветена на измените и дополнувањата на КД во овој земјоделски гигант.

На средбата беа присутни извршниот директор, Томислав Давков и претседателот на синдикалната организација Кире Стојановски. Во работна и конструктивна атмосфера која е карактеристична за оваа општествено одговорна компанија беа договорени и усогласени сите прашања поврзани со измените и дополнуваната на КД во овој комбинат. Беше договорено потпишувањето на КД да се изврши во втората половина од овој месец. Работната посета беше искористена да се запознаат претседателите на ССМ и Агро Синдикатот со работењето на комбинатот, инвестициите и насаденото производство. Посебно беше образложена една од најзначајните инвестиции на овие простори поврзана и со развој на сточарската фарма и изградбата на биоцентрала.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc