ССМ СЕ ОБЕДИНИ ЗА ХУМАНОСТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

26.05.2014

Сојузот на синдикатите на Македонија во изминатиот период упати писма за морална поддршка и истрајност на синдикатите од земјите коишто беа опфатени со поплавите: Србија, Босна и Херцеговина, Република Српска и Хрватска.

По тој повод беше организиран хуманитарен концерт за поплавените во „Да се обединиме во хуманост“ од Владата на Р.Македонија, на кој учествуваа голем број синдикални членови, а билетите ги обезбеди ССМ и синдикатите здружени во ССМ.

26.05.2014-foto11Слика 1. Билети за хуманитарниот Концерт „Да се обединиме за хуманост“

За време на Концертот беше отворена и телефонска линија на којашто со повик се донираа уште по 100 денари. Собраните средства врз основа на продадените билети и телефонските јавувања од Концертот, Владата на РМ ги уплатува сразмерно до погодените подрачја.

26.05.2014-foto12Слика 2. Претседателот Митревски на Концертот

Македонскиот полициски синдикат – гранка од Сојузот на синдикатите на Македонија, иницираше и своја хуманитарна акција во којашто на секој согласен вработен во Министерството за внатрешни работи при пресметка на јунската плата да им биде задржано по 100 денари. Сите собрани средства се уплатуваат сразмерно и ќе бидат дистрибуирани до настраданите колеги со посредство на министерствата и полициските синдикати од овие држави.

ССМ и синдикатите здружени во ССМ сметаат дека покрај моралната поддршка, со донирањето на средствата излегуваат во пресрет и ќе им помогнат на настраданите во ублажување на последиците од поплавите.

Со ова уште еднаш потврдуваме дека хуманоста и солидарноста по којашто сме познати, уште еднаш не спои во нашиот слоган за здружување „СОЛИДАРНОСТ“

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc