РАБОТНИ СРЕДБИ ВО КИЧЕВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ
26.05.2014
Слика 1. Претседателот Митревски на средбата со вработените од Подружницата на ЈП Македонски шуми „Лопушник“
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, на 26.5.2014 година имаше работна посета во Синдикалната канцеларија на ССМ во Кичево. Беше одржана и посебна средба во ЈП Македонски шуми – Подружница „Лопушник“ – Кичево, со вработените - членови на Синдикалната организација и раководителот на Подружницата.
Од страна на претседателот на Синдикалната организација, Александар Крстевски и членот на Претседателството на СШДЕ, Боби Дамјановски, беа образложени активностите на Синдикалната организација и напорите на менаџментот за постигнување на производни резултати и за исплата на надоместоците.
На конструктивната средба беа договорени повеќе натамошни заеднички активности околу остварувањето на заедничките цели кои се во интерес на вработените во Подружницата.