ССМ - АКАДЕМИЈА ЗА МЛАДИ СИНДИКАЛНИ ЛИДЕРИ 2014

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

23-25.05.2014

25.05.2014-foto1Слика 1. Учесници на „Академијата за млади синдикални лидери 2014“

Од 23 до 25 мај во Охрид се одржа семинар на тема: „Младинско синдикално лидерство“, што е прва сесија на Проектот „Академија за млади синдикални лидери 2014". Проектот се одржува со помош на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и е наменет за обука на младите синдикалци од: ССМ, КСС, УНАСМ и ССНМ. Свое учество на оваа академија земаа по еден претставник од сите грански синдикати во Р. Македонија.

Целта на „Академијата за млади синдикални лидери 2014“ е како и на претходно одржаните два циклуса во 2012 и 2013 година, односно едукација и градење на млади синдикални кадри во насока истите проактивно да дејствуваат на полето на создавање критична маса за преземање на натамошните силни синдикални чекори во областа на синдикалното лидерство и трудовото законодавство, теми кои се од важност за самите синдикати и социјалната политика во Р. Македонија.

Попрецизно, целта е насочена кон регрутирање и обука на млади синдикални лидери кои ќе бидат подготвени да се справат со предизвиците на синдикалната борба, да ја вратат довербата меѓу синдикалното членство, паралелно работејќи на полето за ширење на синдикалната идеја, да бидат подготвени и способни да се залагаат за вистинско унапредување и спроведување на правата од работен однос, подобрување на условите за работа на работникот, синдикални претставници кои натаму ќе можат да го спроведуваат синдикалното образование, а во исто време, синдикатите да се здобијат со едуцирани и обучени кадри кои ќе претставуваат дел од иднината на синдикалното движење.

25.05.2014-foto2Слика 2. Начин на организирање на наставата

На Академијата предавачи се еминентни експерти во своите области:

  • проф. д-р Константин Петковски, кој ја презентираше суштината и значењето на лидерството, синдикалното организирање и менаџирање, организирањето на состаноци, менаџирањето со времето и човечките ресурси и
  • проф. д-р Тодор Каламатиев, кој ја обработува материјата од Законот за работните односи, постапката за засновање работен однос, одморите и отсуствата, дисциплинската и материјална одговорност на работниците, безбедноста и здравјето при работа, општата и посебната заштита на жените и другите ранливи категории, начелата на работниот однос, договорите за вработување, флексибилните договори за вработување, работното време, платата и надоместокот за плата и престанокот на работниот однос.
  • Владо Караев од РУБИКОН, кој има свое излагање, активна презентација и обука во делот на градење на тимот или популарно речено „Team building“.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc