Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

До
Сојузот на самостојни синдикати на Србија
Сојузот на самостојни синдикати на Босна    
и Херцеговина

Почитувани,

Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и во мое лично име дозволете ми во овие тешки моменти да ја истакнам поддршката која што ја имате од Сојузот на синдикатите на Македонија и гранските синдикати здружени во ССМ за полесно справување со поплавите и последиците од нив. Со големо внимание ги следиме вестите за состојбите предизвикани од големите поплави кои ги погодија Вашите земји.

Во духот на солидарноста, блискоста и заедништво кое ги поврзува нашите синдикати, би сакал да Ве известам дека можете целосно да сметате на помош од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија на начин кој Вие цените дека би бил погоден.

Со желба и надеж за нормализирање на состојбата и надминување на последиците.

Искрено Ваш,
д-р Живко Митревски
Претседател на ССМ

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc