ОДРЖАН IX ВОНРЕДЕН КОНГРЕС НA СУТКОЗ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

09.05.2014

09.05.2014-foto1 Слика 1: Претседателот Митревски на денешниот вонреден конгрес

Денес во просториите на зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, се одржа IX вонреден Конгрес на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиство и заштитни друштва на Р. Македонија.

На Конгресот покрај делегатите присуствуваа и делегации на синдикатите на комунални дејности од Србија, Унгарија, Албанија, Република Српска, Црна Гора и Војводина, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски и претседатели на гранковите синдикати здружени во ССМ.

Со мнозинство гласови за претседателот на СУТКОЗ беше избран Дарко Димовски од ЈП Водовод и канализација од Скопје.

09.05.2014-foto2 Слика 2: IX вонреден Конгрес на СУТКОЗ

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc