ОДРЖАНА ТРИБИНА ВО ШТИП – СИНДИКАТИТЕ И НИВНАТА УЛОГА КАКО ЗАШТИТНИК НА РАБОТНИЧНИТЕ ПРАВА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

05.05.2014

05.05.2014 img1Слика 1: Претседателот Митревски на трибината

На 5 мај 2014 година во просториите на Правниот факултет- Штип се одржа трибина на тема: „Синдикатите и нивната улога како заштитник на работничките права“ во организација на Центарот за Правно- политички истражувања при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип.

Излагачи и учесници на трибината беа д-р Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, Рифат Јуршид, експерт, д-р Андон Мајхошев, Правен факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, м-р Димитар Апасиев, Правен факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и д-р Страшко Стојановски, Модератор.

На трибината се дискутираше по однос на повеќе прашања меѓу кои прашањето за остварување на заштитата на работничките права во Република Македонија, улогата на економско– социјалните совети, трипартитниот дијалог, колективното преговарање како форма на синдикално дејствување и штрајкот како метод на синдикално дејствување.

Претседателот Митревски посебен акцент стави на концептот на одбележување и чествување на Први Мај, Меѓународниот ден на трудот.

05.05.2014 img2Слика 2: Учесници на трибината

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc