РАБОТНА СРЕДБА СО СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИТЕ НА СРБИЈА- СССС

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

28.04.2014

28.04.2014-foto6Слика: Претседателот Митревски со претставниците од СССС

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски и претседателите од неколку грански синдикати на ССМ, остварија работна средба со претседателот на Сојузот на синдикатите на Србија, Љубисав Орбовиќ и неговиот шеф на кабинет и протокол Светлана Манчиќ.

На средбата беше разговарано за активностите на синдикатите во двете држави, со посебен фокус на работното законодавство и неговото влијание врз правата на работниците. Исто така, беа разменети искуства за начинот на справување со кризата и рефлексијата од истата.

Од страна на претседателот на ССМ беа образложени измените на Законот за работни односи и колективното договарање кои се применуваат, а претставуваат добар пример за начинот на справување со кризата.
Двата синдикати се договорија за заедничко дејствување и размена на искуства околу заштита на работниците.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc