ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 28 АПРИЛ – СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

28.04.2014

28.04.2014-foto3Слика 1: Обраќање на претседателот на ССМ

Во организација на Меѓународната организација на трудот, Канцеларија Скопје и Македонското здружение за заштита при работа, ILO/CIS Координативен центар, во хотелот „Холидеј ин” во Скопје се одбележа 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

На денешниот настан присуствуваа претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, претседателот на МЗЗПР, Милан Петковски, претставник од Министерството за труд и социјална политика, Националниот координатор на МОТ во Македонија, Емил Крстановски, раководителот на секторот за БЗР во Државниот инспекторат за труд, Слаѓана Андоновска, Координаторот на ИЛО/ЦИС, Никола Георгиев, извршниот директор на ОРМ, Белинда Николовска и ВД претседателот на КСС, Виолетка Спасевска.

28.04.2014-foto4Слика 2: Учесници на конференцијата

Тема на овогодинешното одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа е „Безбедност и здравје при работа, при употреба на хемиски супстанци”. Посебно внимание е ставено на моменталната ситуација во поглед на употребата на хемиски супстанци и нивното влијание на работното место и на животната средина, вклучувајќи ги различните национални, регионални и интернационални напори за нивно решавање.

На настанот беше презентиран Годишниот извештај за несреќи при работа во Македонија, кој здружението го изработува веќе седма година по ред. Исто така беа доделени и Националните награди за добра пракса на БЗР во 2013 година на компаниите Пивара Скопје, Мермерен Комбинат АД Прилеп и Империал Тобако ТКД АД Скопје.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc