РАБОТНА ПОСЕТА НА РАКОВОДСТВОТО НА ССМ ВО АД „ФРОТИРКА КОМПАНИ“ДЕЛЧЕВО
24.04.2014
Слика 1. Раководството на ССМ со вработените од Фабриката АД „ФРОТИРКА КОМПАНИ“ – Делчево
Во рамките на Програмата за посети на претпријатијата и остварување работни средби, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски и претседателот на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ, Анѓелко Анѓелковски воедно и секретарот на Советот на ССМ, денеска ја посетија фабриката е АД ``ФРОТИРКА КОМПАНИ``– Делчево, каде што разговараа со неизвршниот директорот, Стојне Станков и извршниот директор координатор, Дејан Станков.
Слика 2. Посета на раководството на ССМ во производствениот погон на фабриката
Во фокусот на разговорите беше примената на Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството, примената и почитувањето на правата од Колективниот договор за текстилна индустрија, како и најновите измени и дополнувања на колективните договори од областа на текстилот.
АД ``ФРОТИРКА КОМПАНИ``– Делчево се занимава со производство на фротир и ткаенини во Македонија. Во неа има 180 вработени кои што се членови во Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ, воедно и членови на Сојузот на синдикатите на Македонија.