РАБОТНА ПОСЕТА НА РАКОВОДСТВОТО НА ССМ ВО АД „ФРОТИРКА КОМПАНИ“ДЕЛЧЕВО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

24.04.2014

24.04.2014-foto1Слика 1. Раководството на ССМ со вработените од Фабриката АД „ФРОТИРКА КОМПАНИ“ – Делчево

Во рамките на Програмата за посети на претпријатијата и остварување работни средби,  претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски и претседателот на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ,  Анѓелко Анѓелковски воедно и секретарот на Советот на ССМ, денеска ја посетија фабриката е АД ``ФРОТИРКА КОМПАНИ``– Делчево, каде што разговараа со неизвршниот директорот, Стојне Станков и извршниот директор координатор, Дејан Станков.

24.04.2014-foto2Слика 2. Посета на раководството на ССМ во производствениот погон на фабриката

Во фокусот на разговорите беше примената на Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството, примената и почитувањето на правата од Колективниот договор за текстилна индустрија, како и најновите измени и дополнувања на колективните договори од областа на текстилот.

АД ``ФРОТИРКА КОМПАНИ``– Делчево се занимава со производство на фротир и ткаенини во Македонија. Во неа има 180 вработени кои што се членови во Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ, воедно и членови на Сојузот на синдикатите на Македонија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc