СОПШТЕНИЕ ПО ОДНОС НА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА СТЕЧАЈНИТЕ РАБОТНИЦИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

09.04.2014

ССМ секогаш ги поддржува и ќе ги поддржи сите мерки на надлежните органи кои одат во насока на решавање на проблемите на стечајните работници.

Напоменуваме повторно дека во историски континуитет како ССМ уште од почеток сме биле вклучени во борба за остварување на правата на оваа категорија на работници, а до ден денес и натаму го даваме својот придонес на овој план.

Со гордост можеме да истакнеме дека сме организација која за разлика од многу други па и од најразлични здруженија кои ретко кои даваат најконкретна помош на стечајните работници.

Само во текот на минатата година сме биле вклучени во водење на 323 стечајни постапки, сме дале 200 совети во однос на стечајните постапки или трансферирано во денари најконкретно сме овозможиле помош во износ од 1.623.960,00 денари, за водење судски постапки по однос на стечаите.

Ваква конкретна помош и заложба освен ССМ не сме убедени дека некој друг овозможил и реализирал вклучително и разни субјекти кои претендираат дека се заштитници на оваа категорија на работници.

ССМ останува на својот став дека како и досега институционалните успеси во решавањето на ова прашање се најконкретен придонес и пат за решавање на прашањата поврзани со стечајните работници.

ССМ како непартиска, недржавна организација која ги штити и остварува работничките права и интереси и овој пат јасно укажува дека нема да дозволи да биде втурната во политички пресметки и стратегии, особено не во услови на предизборни активности кои како и досега некој се обидува да ги искористи и злоупотреби.

ССМ и натаму останува да ги реализира своите програмски активности вклучително и за стечајните работници кои ги гради во своите органи и тела и во органите и телата на синдикатите како што впрочем била карактеристика во досегашниот историски континуитет.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc