ВТОР РАБОТЕН СОСТАНОК НА НАЦИОНАЛНИТЕ ТИМОВИ НА ПРОЕКТОТ ДАНОЦИ, НЕФОРМАЛНА ЕКОНОМИЈА И КОРУПЦИЈА ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

01.04.2014

01.04.2014-foto1Слика 1. Претседателот Митревски на состанокот на националните тимови

Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија, се одржа вториот состанок на националните тимови на проектот “Даноци, неформална економија и корупција во земјите од Западен Балкан“ на кој присуствуваа Григор Градев, експерт за неформална економија од ITUC/PERK, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, Павел Трендафилов, претседател на синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на РМ, Ангелко Ангелковски, претседател на синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ, Слободан Антовски претседател на УНАСМ, Љубица Дековска- економски експерт од ССМ, Билјана Чкламовска- правен експерт од УНАСМ и Лидија Стаменкова- експерт за комуникации/кампањи од КСС.

На денешниот работен состанок главна тема беше неформалната економија во земјите од Западниот Балкан и пошироко. Експертот за неформална економија, Григор Градев посочи за влијанието на неформалната економија во земјите во Југоисточна Европа Во сите држави, особено во државите од Западен Балкан синдикатите треба да имаат двојна улога, да го заштитат народот, а воедно и државата, истакна Градев.

01.04.2014-foto2Слика 2. Претставници на националните тимови на денешниот состанок

Она што беше потенцирано од страна на претседателот Митревски беше потребата за заедничко делување и солидарност на синдикатите, мобилизирање на ново членство и формирање синдикални организации онаму каде нема со цел нивно легитимирање и постигнување успеси во заштита на работничките права се со цел намалување на неформалната економија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc