ОДРЖАНА ТРИБИНА НА ТЕМА: ФИНАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА ЗА РЕФОРМИРАНИОТ ПЕНЗИСКИ СИСТЕМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

26.03.2014

26.03.2014-foto1Слика: присутните на денешната трибина

Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија, во организација на Секцијата за млади при ССМ се одржа трибина на тема: „Финансиска едукација за реформираниот пензиски систем“.

Трибината ја отвори м-р Лидија Насковска, претседател на Секцијата на млади при ССМ, а присутните ги поздрави д-р Живко Митревски, претседател на ССМ.
На трибината свои презентации имаа: Татјана Стефановска претставник од Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување- МАПАС, Жарко Ордевски од Нов пензиски фонд, Игор Тасевски- КБ прв пензиски фонд и Јехона Рамадани– Сектор за пензиско и инвалидско осигурување од МТСП.

Целта на оваа трибина е да се подобри состојбата во однос на запознавањето на младите членови на синдикатите здружени во ССМ за состојбите во вториот и третиот пензиски столб преку чиешто функционирање се акумулираат и инвестираат средствата на личната сметка на членовите во пензиските фондови, со што се постигнува активно учество и индивидуален избор на граѓаните во обезбедувањето на пензиската иднина, истакна м-р Лидија Насковска, претседател на Секцијата на млади во ССМ.

ССМ во рамките на остварување на своите цели, а посебно Секцијата на млади, посебно место и дава на едукацијата на младите лица и заедно со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и двете приватни пензиски друштва – КБ Прво пензиско друштво и НЛБ Нов пензиски фонд, започнаа активности во насока на подобрување на едукацијата на младите во ССМ, преку орагнизирање на вакви трибини кои ќе продолжат и во следниот период и во другите градови во Р.Македонија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc