РАБОТЕН СОСТАНОК СО НАЦИОНАЛНИТЕ ТИМОВИ НА ПРОЕКТОТ “ДАНОЦИ, НЕФОРМАЛНА ЕКОНОМИЈА И КОРУПЦИЈА ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

24.03.2014

24.03.2014-foto1Слика: Работна средба на националните тимови

Денес во х. Арка, Скопје, се одржа работен состанок со националните тимови на проектот “Даноци, неформална економија и корупција во земјите од Западен Балкан“ на кој присуствуваа Мартин Хутсебаут, експерт за даночна политика од ПЕРК, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, ВД претседателот на КСС Виолетка Спасеска, Дивна Змејковска претставник од УНАСМ, Љубица Дековска- економски експерт од ССМ, Билјана Чикламовска- правен експерт од УНАСМ и Лидија Стаменкова- експерт за комуникации / кампањи од КСС.

На денешниот работен состанок се разговараше за деталите и потребата за усогласување на националниот извештај за даночни системи и даночна политика во Р. Македонија, како и за позициите и ставовите на синдикатите кон овие политики. Крајниот резултат од работните состаноци е изготвување на компаративна анализа за сите балкански земји по однос на овие прашања.

 

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc