ОДРЖАНА ТРИБИНА: „ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ“, НА ТЕМА:„ПРОМОВИРАЊЕ НА НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕТО НА МЛАДИТЕ, ВЛИЈАНИЈАТА ОД ИСТИТЕ И НИВНИТЕ ОЧЕКУВАЊА“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

11.03.2014

11.03.2014-foto1Денешната трибина организирана од Секцијата на млади на ССМ

Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија, се одржа Трибина во организација на Секцијата на млади при Сојузот на синдикатите на Македонија на тема „Вработување на млади“, на која претставници  од Министерството за труд и социјална политика на Р.Македонија, Виолета Димитриева од Секторот за труд и Ирена Ристеска од Секторот за пензиско и инвалидско осигурување, имаа излагање по темата „Промовирање на новите мерки за поттикнување на вработувањето на младите,влијанијата од истите и нивните очекувања“. Учесници беа и претседатели и претставници на секциите на млади од гранковите синдикати здружени во ССМ.

11.03.2014-foto2Претседателот на Секцијата на млади, м-р Лидија Насковска на денешната прес конференција

Сојузот на синдикатите на Македонија и Секцијата на млади во рамките на своите цели исто така посебно место и дава и се фокусира на борбата против невработеноста и поттикнување на вработувањето, посебно на младите луѓе. И покрај тоа што во текот на овој период невработеноста е намалена за 10%, сепак во рамките на невработената популација, големо место заземаат младите. Од тие причини од исклучително значење за сите нас, а посебно ССМ и Секцијата на млади е реализацијата на пакетот на мерки кои одат во насока на поттикнување на вработувањето на младите, како и нивно запознавање со мерки и политики со кои би имале активна позиција во овој процес. Значајно за нашите млади членови е да се настојува овие мерки што е можно пошироко да се применуваат и да се објаснуваат во нивните работни средини, бидејќи крајна цел на сите нас ни е што е можно повеќе овој пакет на мерки да се применува и со тоа истите да добијат практична реализација.

Ова е само почеток на една кампања која ќе ја води Секцијата на млади низ повеќе градови низ државата, каде заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе се реализираат повеќе активности, кои би овозможиле пакетот мерки што е можно побргу да се искористи и младите луѓе да бидат инволвирани во процесот на работа.

Слични трибини ќе се организираат и преку синдикалните претставништва и канцеларии, за кои ќе се изработат посебен рекламен материјал и флаери.
Претставниците од МТСП, Виолета Димитриева и Ирена Ристеска ги појаснија мерките за поттикнување на вработувањето меѓу кои се: мерката за практиканство, вработување кај познат работодавач, мерката за самовработување и др.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc