Сојузот на синдикатите на Македонија столб на правната заштита и на работничките права во Р. Македонија пред судовите и другите надлежни институции

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

25.02.2014

25.02.2014-foto1Прес конференција

Сојузот на синдикатите на Македонија согласно своите статутарни определби обезбедува бесплатна правна заштита на работничките права за своето членство.

Синдикалното членство во ССМ, најдирекно и најнепосредно обезбедува заштита на своите права од работен однос пред се преку активностите на Одделението за работни односи, правна заштиа и колективно договарање при ССМ и соодветните синдикати каде работниците членуваат.

Активностите за заштита на работничките права ги преземаат овластените правни застапници и синдикалните преставници во 10 Регионални синдикални преставништва (Скопје, Битола, Велес, Делчево, Кавадарци, Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип) како и во Синдикалните канцеларии (во Ресен, Свети Николе, Берово, Виница, Кочани, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Дебар, Струга, Македонски Брод , Гостивар, Кичево, Струмица, Пробиштип, Радовиш).

Во текот на 2013 година во Сојузот на синдикатите на Македонија се евидентирани 3.633 обраќања за заштита на правата од работен однос, што споредено со 2012 година преставува зголемување за 844 обраќања.

Одделението за работни односи, правна заштита и колективно договарање, регионалните синдикални преставништва и канцеларии и синдикатите ги преземаа сите законски расположливи мерки и активности за да се постигне максимум во остварувањето на работничките права .

Бесплатната правна заштита која ССМ и синдикатите ја обезбедија за своето членство овозможува работниците, стручно и ефикасно да ги остварат своите права од работен однос, а при тоа да немаат никакви финансиски трошоци.

На овој начин обезбедувајќи организирана, стручна и ефикасна правна заштита за своето членство, ССМ значаен дел од своите финансиски средства ги користи за оваа намена како една од најважните програмски задачи на синдикатот.

Најголем број на обраќања се од следните синдикати:

  • Синдикатот на работниците од угостителство, туризaм, комуналното-станбено стопанство, занаетчиство и заштитни друштва на РМ, (СУТКОЗ);
  • Синдикатот на работниците од АГРО индустрискиот комплекс на РМ, (АГРО);
  • Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на РМ, (СИЕР) и
  • Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање на РМ (СГИП).

Број на обраќања по поодделни правни основи

Најголем број обраќања се по основ на:

  • неисплатени плати, придонеси и надоместоци – вкупно 2119 обраќања,
  • отказ од деловни причини – 689,
  • права во стечајна постапка – 200 обраќања ,
  • синдикални права – 171,
  • променети договори за вработување -153 и
  • прекувремена работа- 124 обраќања .

Преземени дејствија

  • Дадени се -1596 совети
  • Изготвени се -267 мислења
  • Изготвени се- 611 барања
  • Приговори – 565
  • Тужбени барања -99
  • Водени се 347 расправи
  • Добиени се 360 пресуди
  • Спогодби 58
  • Жалби 286
  • Предлози за извршување 147
  • Стечајни постапки 323 – издвоени 1.623.960,00 денари


Доколку сите овие наведени правни дејствија работниците би ги презеле приватно, преку адвокати потребно би било да се издвојат повеќе од 17.841.094,00 денари.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc