Работна средба на Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски во подружницата „БОР“ Кавадарци

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

13.02.2014

13.02.2014-foto1Претседателот Митревски на работната средба во подружницата „БОР“ Кавадарци

На состанокот кој се одржа на 13.2.2014 година во подружницата „БОР“ Кавадарци, ЈП Македонски Шуми присуствуваа д-р Живко МИтревски, Претседател на ССМ и Претседател на синдикатот за шумарство, дрвна индустрија и енергетика на РМ, Ѓорѓи Портарски, помошник директор за производство, ЈП Македонски Шуми, Гоце Цветаноски, Комерцијален директор, ЈП Македонски Шуми, ВД Директорот на подружницата „БОР“, Кавадарци, Секретарот на ССМ, РСП Кавадарци, поголем број на членови на синдикатот, членови на ИО, раководители, инжињери и други работници од пооделни делови во подружницата.

На почетокот на состанокот, претседателот на синдикалната организација при Подружницата „БОР“, Кавадарци ги запозна присутните со содржината на барањата и предложи на истите да се дадат одгворои.

13.02.2014-foto2Дел од присутните на работната средба

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски истакна дека синдикалните барања во врска со исплатата на платата, плаќањето на придонес за здравство се веќе исполнети. Потоа ги запозна работниците за активностите на синдикатот во соработка со Управниот одбор и раководството на ЈП Македонски Шуми, а како резултат на тоа: редовно и навремено земање плата, затворање на проблемот со придонесите на ПИО и здравство, нови вработувања, редовна исплата на плати.

Беше истакнато дека е решен проблемот и ќе се реализира донесената одлука за исплата на тереснки додаток. Ќе се реализира и ажурурањето на Х.Т.З опремата, а во фаза на обновување е и возниот парк. Од страна на помошниците на директорот на ЈП Македонски Шуми, присутните беа запознаени со начинот на реализација на дотурот на гориво и мазиво, исплатата на додатоците, менаџирањето во подружниците и потребата од редовна комуникација меѓу структурите во подружництие и сл.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc