СООПШТЕНИЕ по однос на протестот на стечајните работници

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

18.02.2014

18.02.2014-foto1

ОБЈАВА ЗА МЕДИУМИ

ЗА ОБЈАВА НА
18.02.2014
E- mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Сојузот на синдикатите на Македонија во рамките на своите програмски цели и определби во континуитет од постоењето на проблемот на стечајните работници настојувал истиот да биде решен на начин што ќе се обезбеди заштите на оваа категорија на работници.

Напоменуваме дека Сојузот на синдикатите на Македонија во еден историски континуитет секогаш бил активно вклучен во решавањето на проблемот на статусот на овие работници со давање на конкретни предлози и забелешки во поглед на законската регулатива.

Сојузот на синдикатите на Македонија согласно своите програмски цели и определби и понатаму продолжува да се грижи за решавање на проблемите на различни целни групи и категории во Република Македонија вклучително и на оваа категорија на работници.

Напоменуваме дека во оваа смисла од страна на ССМ реализирани се низа активности, пердлози по законски текстови, постапки при судовите, стечајни постапки, обезбедување на стечајни побарувања и слично. Во текот на изминатиот период, со конкретни чекори и активности ја обезбедувавме, а и натаму ќе продолжиме да ги обезбедуваме и остваруваме нашите програмски цели и определби на работниците, вклучително и на овие работници.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc