Одржана Прес конференција во Владата на РМ во врска со постигнатиот договор за зголемување на минималната плата

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 28.01.2014

28.01.2014-foto1Прес конференција на социјалните партнери за постигнатиот договор за зголемување на минималната плата

Денес во Владата на РМ се одржа прес конференција на која учествуваа Заменик на Претседателот на Владата и Министер за финансии, Зоран Ставревски, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, Претседателот на ССЕСМ, Роберт Симоноски, Претседателот на синдикатот на здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, В.Д. Претседателката на КСС, Виолетка Спасевска, Претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров и претставник од Бизинис Конфедерацијата на Македонија.

Присуствуваме на историски успех на градење на социјален консензус и социјален дијалог во РМ помеѓу социјалните партнери од кој како конкретен резултат произлезе договорот за зголемување на минималната плата во РМ. Денес во услови на тешка криза успеавме да се договориме да ја зголемиме минималната плата за 25,22% за сите дејности, а за секторите текстил, кожа и обувки за 46,96%. Зголемувањето на минималната плата компарирано со периодот пред нејзиното донесување кога платите се движеа од 4.500 до 5.500 денари е огромна придобивка на синдикалното движење, истакна Претседателот Митревски. Исто така тој изјави дека ова претставува поттик за социјалните партнери на конкретен начин да придонесат за градење на тој социјален консенсуз за излегување од кризата и да обезбедат конкретни чекори за обезбедување на подобар стандард на работниците во РМ.

По долги години минималната плата стана реалност во РМ и тоа покажува дека резултатот од тој дијалог е всушност подобрување на животниот стандард на работниците на одржлив начин, начин на кој што работодавачите и претпријатијата можат да го издржат и да продолжат со остварување на позитивни резултати, истакна Заменик на Претседателот на Владата и Министер за финансии, Зоран Ставревски.

Исто така тој се заблагодари од името на Владата на РМ на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Конфедерацијата на слободни синдикати за досегашната одлична соработка, како и на Организацијата на работодавачи на Македонија и Бизнис Конфедерацијата на Македонија како претставници на работодавачи и смета дека остварените резултати во кои што круна претставува последниот договор за зголемување на минималната плата покажува дека тоа е вистинскиот пат по кој што треба да се продолжи, а тоа е пат на дијалог помеѓу владата, синдикатите и работодавачите.

Во март 2014 година минималната плата ќе изнесува 8.800 денари, што значи зголемување од 9,32%, во март 2015 година износот на минималната плата ќе биде зголемен за 8,98% што истата ќе изнесува 9.590 денари, за во март 2016 година минималната плата да биде повисока за 25,22% од сегашната и ќе изнесува 10.080 денари, додека пак во секторите текстил, кожа и чевли во март 2014, 7.500, март 2015, 8.050 денари, додека во март 2016 година таа ќе изнесува 9.000 денари. Во март 2017 ќе изнесува 9.590 денари, а во март 2018, 10.080 денари колку што е општиот износ на минимална плата во останатите сектори. Ова ќе придонесе за поголема мотивираност и подобар живот на вработените во дејностите споменати, но и во останатите дејности во кои се прима најниската плата во РМ и ќе се оствари на начин кој што е одржлив за работодавачите, истакна Ставревски.

Договорот за зголемување на минималната плата претставува значаен чекор за работниците во заштита на нивните права како и за унапредување на нивниот стандард, изјави Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски. Овие решенија се изработени во директна консултација со синдикатите и работодавачите и ги има поминато сите инстанци вклучувајќи го и ЕСС како тело кое со заедничките напори ја доби својата полна суштина, видливост, ефикасност и ефективност.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc