Зградата на ССМ ќе стане тренинг центар со сместувачки капацитети

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

23.01.2014

Дел од зградата на ССМ ќе биде синдикален тренинг центар. Претседателот Живко Митревски вели дека во испразнетите деловни простории ќе се оформи простор за сместување на синдикалците за време на реализација на одреден проект или обука. Одлуката веќе е донесена и по реализацијата на идејата, парите наместо по приватни хотели ќе се слеваат во касата на Сојузот на синдикати.

Уставните судии и јавните обвините кои беа и најголеми кираџии со простор и месечен надомест си замина поради вселување во сопствен објект. Сега синдикатот кој е сопственик на зградата и одговорен за нејзино одржување има проблем при плаќањето на давачките за нејзино одржување.

Митревски вели дека синдикалната каса ја затекнал со 30 милиони денари долг и хипотекарен кредит долгови кои во моментов биле подмирени. Сега по примерот на колегите од Европа ќе се обиде инситуционално да го зајакне синдикалното движење и со своите објекти низ државава да работи профитабилно и да остварува дополнителен приход.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc