Продолжуваат разговорите по Предлог -забелешките и мислењата на синдикатите од јавниот сектор по однос на Предлог –законот за вработените во јавниот сектор и Предлог-законот за административни службеници

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

10.01.2014

10.01.2014-foto1Претседателите на синдикатите од јавниот сектор – здружени во ССМ и претставниците од Министерството за информатичко општество и администрација

Претседателите на синдикатите од јавниот сектор – здружени во ССМ, Тихомир Климовски, претседател на Македонски полициски синдикат, Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, Ристо Ајтов, претседател на Синдикатот на одбраната и безбедноста, Зоран Георгиевски, претседател на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ, предводени од претседателот на ССМ д-р Живко Митревски воедно и претседател на Синдикатот на работниците од шумарство, дрвна индустрија и енергетика на РМ, ги продолжија разговорите во Министерството за информатичко општество по однос на Предлог-законот за вработените во јавниот сектор и Предлог-законот за административни службеници со министерот за информатичко општество и администрација м-р Иво Ивановски и заменик-министерот Марта Арсовска- Томовска.

На денешниот состанок синдикатите ги образлагаа дополнителните предлог-забелешки и мислења по однос на законите, по однос на повеќе прашања, а особено околу прашањата поврзани со постапките околу оценувањето, постапката околу казнувањето, системот на кариера и други прашања за кои претходно беше договорено да бидат доставени и конкретни забелешки.

Учесниците на денешниот работен состанок се договорија и во текот на утрешниот ден и понеделник 13.01.2014 година, да продолжат со разговорите околу предлозите и забелешките.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc