СРЕДБА НА СИНДИКАТОТ ЗА ШУМАРСТВО СО ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

25.12.2013

26.12.2013-foto 1Директорот на ЈП “Македонски Шуми“ Жарко Караџоски со соработниците и претседателот на ССМ и Синдикатот за шумарство д-р Живко Митревски

Идната година ќе биде година во која ќе се воведе ново реструктуирање, поголема одговорност и стимулативни мерки за работниците. Препорачуваме синдикалните активисти во подружниците на Јавното претпријатие “Македонски шуми“ активно да се вклучат во остварувањето на овие насоки.

26.12.2013-foto 2На средбата е порачано дека одговорноста е на сите вработени во системот

Ова е една од пораките на средбата на Претседателството на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика, претседателите на синдикалните организации на подружниците на ЈП “Македонски шуми“ со раководството на ЈП, предводено од генералниот директор Жарко Караџоски.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија и претседател на Синдикатот за шумарство д-р Живко Митревски ги запозна присутните со залагањата на Синдикатот и зацртаните цели за идната година, меѓу кои е и донесување на Општиот колективен договор за јавниот сектор. Битен елемент за дејноста е збогатувањето на технолошкиот фонд на системот и на инвестициите.

Жарко Караџоски, генерален директор на ЈП “Македонски шуми“, зборуваше за потребата од воведување поголема одговорност во работењето во подружниците. Тој порача дека очекува и синдикалците во подружниците да придонесат во зголемувањето на одговорноста на сите вработени.

И двата социјални партнери најавија отпочнување разговори за измени и дополнувања на Колективниот договор. За идната година е најавено и ново реструктуирање во организацијата.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc