ССМ УТВРДИ ПРАВО ЗА РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ЗА СИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

24.12.2013

24.12.2013-foto 1По повод денешниот настан се одржа свечена седница на Советот на ССМ

Денес Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија потпишаа Спогодба за измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, со кои се утврдува правото на регрес за годишен одмор.

Измените и дополнувањата на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството ги потпишаа преседателот на ССМ д-р Живко Митревски и претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров.

По повод денешниот настан претседателот на ССМ д-р Живко Митревски даде кус осврт на активностите на ССМ за 2013 година, при што истакна дека оваа година беше исполнета со крупни активности во делот на задржувањето на работните права. Најбитно е што ССМ ги сочува трите основни столба: не дозволи масовни отпуштања, не дозволи намалување на платите и не се допушти зголемување на старосната граница за пензионирање. На овој начин ССМ и ОРМ покажаа дека и во најтешките услови, врз основа на чувство на одговорност и обврска успеваат да ги реализира своите програмски цели.

24.12.2013-foto 2Ангел Димитров и д-р Живко Митревски на денешното потпишување на Спогодбата

24.12.2013-foto3

Претседателот на ОРМ Ангел Димитров, исто така говорејќи за годината што изминува, истакна дека социјалниот дијалог во Македонија е реалност што треба да се почитува. ОКД го правиме јасен и разбирлив за сите, а голем ефект ќе биде тоа што ќе се намалат непожелните работнички спорови, во кои губевме сите, и работниците и работодавачите.

24.12.2013-foto4По повод настанот ССМ и ОРМ одржаа конференција за печат

Во однос на равото на регрес на годишен одмор двајцата претседатели истакнаа дека досегашното право не беше прецизно утврдено и секој можеше да го толкува на свој начин. Исто така е оставена можност висината да се одредува на поивисоко ниво од она што е пропишано во Општиот колективен договор.

Во Спогодбата за измени и дополнувања на Општиот колективен договор исто така се уредуваат и други права од работните односи.

24.12.2013-foto3

ОБЈАВА ЗА МЕДИУМИ

PRESS RELEASE

ЗА ОБЈАВА НА
24.12.2013
E- mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Соработник за информирањe
Associate for information
E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
tel/fax ++389 2 3225-937

 

 

 

 

 

 

Врз основа на континуираното следење на примената на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството во практиката ,потписниците на овој ОКД , ССМ и ОРМ ,во текот на оваа година покренаа иницијатива за негова измена и дополнување.

Се водеше конструктивен и аргументиран дијалог од двете страни за усогласување на ставовите за измените и дополнувања на ОКД и со потпишувањето на денешната спогодба, се постигнуваат значајни резултати и придобивки за колективното договарање и социјалниот дијалог воопшто .

Со потпишувањето на оваа спогодба , ССМ и ОРМ ,како репрезентативни организации на работниците и работодавачите и актуелни социјални партнери во државата ,уредија низа значајни прашања во меѓусебните односи на работниците и работодавачите кои се во насока на унапредување на работничките права , создавање на балансирани деловните односи и подобрување на бизнис климата во државата .

Од аспект на работниците и нивните права од работен однос ,најзнчајни измени кои се постигнати со оваа спогодба се следните :

 

1. Се уреди правото на регрес за годишен одмор на работниците во висина од најмалку 40 % од просечната месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните 3 месеци

Во ЗРО од 2005 година ( Сл. весник бр. 62/2005 г ) при утврдувањето на видот на надоместување на трошоците поврзани со работата не е предвидено правото на надомест на трошоци за годишен одмор .
Се до потпишувањето на денешната спогодба,ова право не беше прецизно уредено што предизвика губење на ова право .

Висината на регресот требаше да се утврди со колективен договор на ниво на дејност за да може работниците да го остварат ова свое право, во спротивно правото на регрес остануваше само како право напишано и предвидено во ОКД , но реално неостварливо за голем број работници .

Практиката покажа дека во претпријатијата каде не постои синдикално организирање и колективно договарање работниците не се во можност да го остварат ова право.

Со оваа спогодба ССМ низ аргументиран дијалог со работодавчите го обезбеди ова право за сите вработени во приватниот сектор од областа на стопанството, на тој начин што ја утврди висината на регресот во ОКД кој согласно ЗРО е обврзувачки за сите работници и работодавачи .

Во ОКД е предвиден најнискиот износ на регресот во висина од најмалку 40 % од основицата , а предвидена е и можноста со КД на дејност односно со КД на ниво на работодавач да се утврди и повисок износ на регресот од овој утврден со ОКД .

Ангажирајќи се правото на регрес за годишен одмор да можат да го остварат сите работници од приватниот сектор од областа на стопанството во државата, во еден гарантиран износ од најмалку 40 % од основицата ,со можност овој износ да се зголеми со КД на дејност или со КД на ниво на работодавач , ССМ покажа и докажа дека е вистински заштитник на работничките права во државата и испраќа порака до работниците со цел да им укаже на потребата од поголемо и помасовно синдикално организирање заради остварување и унапредување на работничките права.

Единствено синдикално организираните работници имаат можност активно да учествуваат во институциите на системот по пат на социјален дијалог и на тој начин да влијаат на креирањето на политиките во сите сфери на државата , а со тоа и да придонесат за подобрување на својата, односно работничката положба во општеството .

2. Покрај оваа мошне значајна придобивка за работничките права , со оваа спогодба се постигнати и други права со кои се подобрува положбата и заштитата на работниците и тоа :

  • Уредена е одредба за забрана на секаков вид на вознемирување на работно место со тоа што покрај со закон случаите на забрана на психичко вознемирување ќе бидат уредени и со кд. На овој начин ќе се овозможи реална примена на Законот за забрана на психичко вознемирување на работно место пред се во работните средини , преку регулирањето на специфичните видови на психичко вознемирување со КД .
  • Со измените на ОКД е уредено  дека преставникот за информирање и консултирање на ниво на работодавач го избира синдикатот , со што му е дадена активна и значајна улога на синдикатот во претпријатијата , особено затоа што навременото , точно и целосно  информирање и консултирање е претпоставка за преземање на мерки за заштита на работничките права во работните средини.
  • Со измените на ОКД е пропишано дека преставникот за безбедност и здравје го избираат вработените од своите редови на синдикален собир на предлог на синдикатот. И оваа одредба ја потенцира активната улога на синдикатот  во претпријатијата Синдикатот ќе биде двигател во остварување на правото на здрави и безбедни услови за работа на работниците кои пак се предуслов за оставрување на националната стратегија  за пристојна работа и достоинствен труд.
  • Со измените на ОКД задржани се и понатаму сите надоместоци.

Сметаме дека оваа спогодба и направените измени на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството ќе придонесат за унапредување и заштита на работничките права , но и за подигање на свеста на работниците за потребата од синдикалното организирање и континуирано унапредување на колективно договарање и социјалниот дијалог на сите нивоа во државата .

Овој ОКД ќе важи во наредните 2 години од денот на неговото објавување во службен весник, а ССМ како и досега будно ќе ја следи неговата примена и активно ќе придонесува за негова целосна реализација и остварување.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc