УТРЕ ПРОТЕСТИ НА ССМ ВО ШЕСТ ГРАДОВИ
6.11.2008
На 7 ноември Сојузот на синдикатите организира јавни протести во шест градови: Прилеп, Велес, Струмица, Охрид, Штип и Куманово. Во прв ред се бара укинување на измените во Законот за работни односи...ЗАКОНОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ДА ОДИ ВО ДВЕ ФАЗИ
5.11.2008
Бруто платата и задолжителното осигурување да се спроведат во две етапи, побара ССМ. Новиот систем на бруто – плати нема да го реши проблемот на неуплаќање на придонесите...СО НОВИОТ ЗАКОН НЕ ЧЕКА ОПШТА КРИЗА
4.11.2008
Неограничена власт на работодавачите ќе значи нови илјадници невработени и избивање голема економска, социјална, и политичка криза. За неколку месеци се донесени 170 закони, за секој просечно се потрошени по 37 секунди...ИСПРАТЕН ПОВИК ЗА ПРОТЕСТИТЕ
30.10.2008
ССМ испрати повик за учество и поддршка до повеќе организации за јавните протести на 7 и 14 ноември. Истовремено ги информира меѓународните синдикални организации и синдикалните централи од соседството и пошироко...ДА СЕ УТВРДИ ШТО ТОЧНО ЌЕ СОДРЖИ ПОИМОТ ПЛАТА
29.10.2008
ССМ смета дека поради многуте недоречености и нејаснотии не треба да се брза со Предлог – законот за придонеси. Не се знае дали работодавачот ќе има законска обврска да исплаќа хранарина...РЕАКЦИЈА ОКОЛУ ИЗЈАВИТЕ НА КСС
28.10.2008
Конфедерацијата на слободни синдикати во јавноста изнесува најобични лаги за ССМ. Владата во КСС најде послушник, со цел да се прикаже божемен социјален дијалог пред странскиот фактор...СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЌЕ ШТРАЈКУВА ВО НОЕМВРИ
27.10.2008
Неверојатно индолентен и неправеден е односот кон вработените во судската администрација. Нивните плати останаа прениски, додека Законот за судска служба не реши ниедно од нивните барања...РАБОТНИЦИТЕ СЕ ОШТЕТУВААТ ПО 30 ЕВРА МЕСЕЧНО
24.10.2008
Се уште не се спроведува одлуката на Уставниот суд за пресметување на хранарината и патарината. ССМ вели дека секој месец работниците добиваат помалку по 2.100 денари...МЕСО СТАНА ЧЛЕН НА ССМ
7.10.2008
Мултиетничкиот синдикат за образование во иднина ќе биде член на семејството на Сојузот на синдикатите ...ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА ДОСТОИНСТВЕНИОТ ТРУД
7.10.2008
Меѓународниот ден на достоинствениот труд е установен во 1999 година од страна на МОТ...ЈАВНИ ПРОТЕСТИ НА 7 И 14 НОЕМВРИ
7.10.2008
Советот на Сојузот на синдикатите го одреди 7 ноември за одржување протести во градовите во внатрешноста. Една недела подоцна ќе се одржи централниот протест во Скопје...ЗГОЛЕМУВАЊЕТО ОД 10 ОТСТО Е НЕПРАВЕДНО СПРЕМА НАЈСЛАБО ПЛАТЕНИТЕ
2.10.2008
Над 80 отсто од вработените во јавната администрација се со плати под републичкиот просек. Тие ќе добијат симболични суми, за разлика од највисоките функционери, чии плати се движат од 45.000 до 72.200 денари...ИНИЦИЈАТИВА НА ССМ ДО УСТАВНИОТ СУД ЗА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ
1.10.2008
Противуставно е укинување на стекнатите права на работниците, смета Сојузот на синдикатите. Работниците се дискриминирани, нарушени се принципите на еднаквост и социјална правда. Брисел ги оцени измените за катастрофални...ДЕНЕС СРЕДБА НА ССМ И ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БОЦЕВСКИ
29.09.2008
Раководството на Сојузот на синдикатите на Македонија и вицепремиерот Ивица Боцевски начелно се договорија да се обнови социјалниот дијалог. Најпрво треба да се разговора за Законот за работни односи, за што Советот на ССМ на 7 октомври одлучува дали ќе се оди со јавен протест. Владата треба да се изјасни до 6 октомври...ДАЛИ БРУТО ПЛАТАТА ЌЕ ДОНЕСЕ МАСОВНИ ОТПУШТАЊА
19.09.2008
Без консултации со ниедна институција и без пресметки за последиците, Владата за 2009 година најавува систем на бруто плати и - тоа го претставува како најзначајна реформа во македонската економија! За македонскиот работник не е проблем начинот на пресметка, туку висината на платата...Лист 57 од 60