ЕДУКАЦИЈАТА ВО 2008 ГОДИНА
24.03.2009
Секторот за едукација на Сојузот на синдикатите на Македонија во соработка со фондацијата “Фридрих Еберт“ минатата година организираше повеќе предавања, семинари и работилници на повеќе општествени теми: безбедност и здравје при работа, вклучување на младите, системот на бруто плата...МЛЕКОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НЕОРГАНИЗИРАНИ, СТЕЧАЈЦИТЕ ГИ ОХРАБРУВААТ
20.03.2008
Неорганизираните млекопроизводители досега заработија 50 кривични пријави, додека од нејасни причини го откажаа денешниот заеднички настап. Стечајците ги охрабруваат да не се колебаат. За ССМ млекорпизводителите, војниците и стечајците се работници како сите други...ПРОМОВИРАН ДВЕГОДИШНИОТ ПРОЕКТ ЗА ВРАБОТЕНОСТА НА МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
19.03.2009
Денес е промовиран проектот “Отворен дијалог за општествена вклученост на младите преку вработување и правата на вработените млади во Република Македонија“. Проектот заеднички ќе го водат Балканската фондација за деца и млади, Сојузот на синдикатите на Македонија и Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана...НИКОЈ ОД ВЛАДАТА ДЕНЕС НЕ ГИ ПРИМИ СТЕЧАЈЦИТЕ
18.03.2009
На петттиот по ред протест пред Владата стечајните работници успеаја да контактираат единствено со обезбедувањето. Помалиот број протестанти го објаснуваат со саботирањето на градоначалниците од ВМРО - ДПМНЕ и со притисоци од полицијата...СИНДИКАТИТЕ СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКИОТ КОНСУЛТАТИВЕН КОМИТЕТ
17.03.2009
Проблемот на учество на синдикатите во Заедничкиот консултативен комитет е решен со проширување на двајца набљудувачи. Членови остануваат Ванчо Муратовски и Слободан Антовски, додека набљудувачи ќе бидат Марјан Ристевски од КСОМ и еден набљудувач од КССМ. ЗКК е орган од меѓународно значење за Република Македонија...СПОРЕД ПРАВНАТА СЛУЖБА НА ССМ ВРАБОТУВАЊАТА ОПАЃААТ
16.03.2009
Владата постојано најавува нови инвестиции и брои зголемување на вработувањето. Правната служба на ССМ предупредува на спротивни состојби, што се согледува од намалувањето на бројот на постапките за засновање на работен однос...БРУТО ПЛАТАТА ПРЕДИЗВИКА НИЗА НЕГАТИВНИ ЕФЕКТИ
12.03.2009
Според податоците на ССМ постои големо шаренило при вклучувањето на хранарината и превозот во платата, и тоа не само кај приватниот, туку и кај јавниот сектор. Тоа е само една негативна последица од новиот систем. Исто така излезе на виделина дека 150.000 лица работат на црно...ВО 2008 ГОДИНА ПРАВНА ПОМОШ ПОБАРАЛЕ 17.144 РАБОТНИЦИ
11.03.2009
Бројот на обраќања до Сојузот на синдикатите на Македонија е зголемен во минатата година, што сведочи за постојано кршење на правата на работниците. Позитивно се решени 80 отсто од сите предмети. Луѓето најмногу се жалат за неисплатени плати, потоа за придонесите...ГРАДЕЖНИЦИТЕ НЕОШТЕТЕНИ ОД БРУТО ПЛАТАТА
5.03.2009
Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање од почетокот на годинава водеше преговори во градежните претпријатија околу воведувањето на новиот систем на плати. Решенијата се различни, но работниците не се оштетени...ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ДЕНЕС ПОВТОРНО СО ИСТАТА ПРИКАЗНА
4.03.2009
Тензиите меѓу стечајните работници растат откако денес вицепремиерот Зоран Ставрески им повтори дека Владата нема намера да го реши нивниот проблем. Тие најавуваат нов вид протести, со кои веројатно ќе има судири со полицијата...УТРЕ ПОВТОРНО ПРОТЕСТИ ПРЕД ВЛАДАТА
3.03.2009
Стечајните и технолошки вишок работници упатуваат апел до членовите и до сите граѓани утре, на 3 март, во 12, часот, да излезат на протест пред Владата на Република Македонија...ДУИ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИ, СДСМ Е ЗА ПОРАНЕШНИТЕ РЕШЕНИЈА
2.03.2009
Згрижување на сите со над 25 години стаж е ставот на Социјалдемократскиот сојуз, соопшти пратеникот Марјанчо Николов на денешната средба со стечајните работници. Пратеничката група на ДУИ досега воопшто не се огласи...ДВЕГОДИШЕН ПРОЕКТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ
27.02.2009
Во периодот 2009 – 2011 година ќе се одржат повеќе циклуси активности за социјалната положба на младите генерации. Проектот заеднички ќе го водат ССМ, Балканската Фондација за деца и млади и Универзитетот во Љубљана...СТЕЧАЈЦИТЕ НЕ ПОПУШААТ
27.02.2009
Владата, па дури и премиерот, е потполно свесна за тежината на нашиот проблем, велат стечајните работници и затоа не одбегнува. Во понеделник стечајците ги чекаат пратеничките групи на ДУИ и СДСМ....ИЛИ ЗГРИЖЕТЕ НЕ, ИЛИ УТЕПАЈТЕ НЕ!
25.02.2009
Вицепремиерот Зоран Ставрески добил упатство од премиерот Никола Груевски да им соопшти на стечајните работници дека за нив Владата нема решение. И дека не можат наново да донесат блеферски закон, како што сторија минатата година...Лист 54 од 60