РАБОТНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ССЕСМ И ССМ СО ВРАБОТЕНИТЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ ОД ЕВН
5.2.2015
На ден 5.2.2015 година, претседателот на Самостојниот синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Македонија (ССЕСМ), Роберт Симоновски, заедно со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски извршија работна посета на вработените за отстранување на дефекти од ЕВН Македонија АД Скопје...
Слика 1. Претседателите на ССЕСМ и ССМ на средбата со вработените на терен
ПОГОЛЕМА ИНФОРМИРАНОСТ НА ОСИГУРЕНИЦИТЕ ЗА ПЕНЗИСКИ СТАЖ
Информација за медиумите
27.1.2015
Сојузот на синдикатите на Македонија го смета за исклучително значаен проектот предвиден во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои има за цел зголемување на информираноста на осигурениците за правата од пензиско и инвалидско осигурување, во кои се воведува обврска на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија на почетокот на годината да доставува податоци за стаж на осигурување и плати за секој осигуреник.
СЕМИНАР СО ЕВРОПСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СИНДИКАТИ- ЕТУЦ -УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ-
22-23.1.2014
На 22 и 23 јануари 2015 година во Белград, Р. Србија, во организација на Европската конфедерација на синдикати- ЕТУЦ, се одржа семинар за градење на капацитетите на синдикатите на тема: „Унапредување и зајакнување на социјалниот дијалог“. На овој семинар учествуваа социјалните партнери од Република Македонија, Црна Гора и Србија.
Слика 1. Делегацијата од Сојузот на синдикатите на Македонија предводена од претседателот д-р Живко Митревски
ССМ – ЛИДЕР И ГАРАНТ НА ОДБРАНА И ЗАШТИТА НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА (ПРАВНА ЗАШТИТА)
16.1.2014
Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа Прес конференција за Правната заштита на ССМ во текот на 2014 година.
Слика 1: Претседателот д-р Митревски на денешната прес-конференција
РАБОТНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА И СИНДИКАЛНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА АД „ЕМО“- ОХРИД
12.12.2014
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски претседателот на Синдикатот за индустрија и енергетика на Р. Македонија, Пеце Ристевски со дел од синдикалното раководство од повеќето организации и делови од АД „ЕМО“- Охрид, имаа работна средба со министерот за економија од Владата на Р. Македонија, Беким Незири.
Слика 1. Претседателот д-р Митревски со претседателот на СИЕР и со синдикалните претставници од АД „ЕМО“- Охрид
ПОТВРДА НА ЗНАЧЕЊЕТО НА СЕКЦИЈАТА НА МЛАДИ И СЕКЦИЈАТА НА ЖЕНИ ВО ССМ
30.12.2014
Сојузот на синдикатите на Македонија на својата Четиринаесетта седница на Советот на ССМ, која се одржа на 25.12.2014 година во Охрид, донесе одлука за Измена и дополна на Статутот на ССМ со која што се потврдува значењето на Секцијата на жени и Секцијата на млади за развој на синдикалното движење и Претседателите на Секцијата на жени и Секцијата на млади по функција стануваат членови во Советот на ССМ.
ССМ го следи трендот на европските и светските синдикални движење односно на Меѓународната конфедерација на синдикатите- ИТУЦ и Европската конфедерација на синдикати- ЕТУЦ.
ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЈА ПОТВРДИ ЛЕГИТИМНОСТА НА ШТРАЈКОТ ВО МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД ПРИЛЕП
30.12.2014
Врховниот Суд на Република Македонија ја отфрли со Решение ревизијата поднесена од страна на Мермерен Комбинат АД Прилеп во врска со штрајкот организиран од Синдикатот на ден 19-22.11.2012-та година. Со тоа, на судскиот процес се става крај во корист на СГИП додека за членовите на синдикатот ова е почеток за остварување на правата од работен однос.
14-ТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ССМ
25.12.2014
Сојузот на синдикатите на Македонија на 25.12.2014 година, во Охрид, ја одржа Четиринаесетта седница на Советот на ССМ.
Слика 1. Присутните на седницата
ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМИ ВО ВРАБОТУВАЊЕТО И СОЦИЈАЛНАТА ПОЛИТИКА
17.12.2014
На 17 декември 2014 година во Скопје, во Музејот на македонската борба, се одржа Иницијалниот состанок со кој се одбележа официјалното отпочнување и промовирање на новиот механизам на социјално- економскиот дијалог помеѓу Република Македонија и Европската унија, со што ќе се обезбеди нова фаза во односите и интензивирање на дијалогот помеѓу Европската комисија и Република Македонија, како земја кандидат за членство во Унијата.
Слика 1. Претседателот д-р Митревски на Иницијалниот состанок
ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВРСКА СО ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ХОНОРАРНИТЕ РАБОТНИЦИ
17.12.2014
Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа прес- конференција во врска со законските измени што се однесуваат на плаќањето придонеси за хонорарните работници. На прес- конференцијата свое обраќање имаше Анѓелко Анѓелковски, Секретар на ССМ, а воедно и претседател на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ) и Методија Димевски, претседател на Синдикатот за сообраќај и врски на РМ (СРСВМ).
Слика 1. Претседателот на СТКЧ, Анѓелко Анѓелковски и претседателот на СРСВМ, Методија Димевски на прес- конференцијата
СЕДНИЦА НА СИНДИКАТОТ НА ДРВНА ИНДУСТРИЈА И ЕНЕРГЕТИКА НА Р МАКЕДОНИЈА
16.12.2014
На 16.12.2014-та година, Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република Македонија - СШДЕ одржа состанок со претседателите на синдикалните организации и менаџментот на ЈП „Македонски шуми“.
Слика 1. Претседателот д-р Митревски и менаџерскиот тим на ЈП „Македонски шуми“ на состанокот
ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ОДНОС НА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ХОНОРАРНИТЕ РАБОТНИЦИ
16.12.2014
Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа прес- конференција по однос на законските измени за хонорарните работници. На прес- конференцијата свое обраќање имаше претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски.
СГИП И СШДЕ ПРИМЕНИ ПОД УСТАВНО ИМЕ КАКО РАМНОПРАВНИ ЧЛЕНКИ ВО ЕВРОПСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНИШТВО И ДРВНА ИНДУСТРИЈА - EFBWW
16.12.2014
На 19.11.2014-та година Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија- СГИП и Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република Македонија - СШДЕ се примени како членки во Европската федерација за градежништво и дрвна индустрија EFBWW каде ќе ја претставуваат Република Македонија под уставното име пред синдикатите од земјите членки на ЕУ.
Слика 1. Прес конференција
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МЕЃУНАРОДНИОТ СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
11.12.2014
На ден 11.12.2014 год. во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Свети Николе, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Сојузот на Синдикатите на Македонија- ССМ и Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Свети Николе.
Слика 1: Претседателот д-р Митревски на потпишувањето на Меморандмот за соработка
РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА Б.З.Р -СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕД ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ССМ-
2.12.2014
Согласно Програмата и Планот за БЗР за 2014 година и Законот за безбедност и здравје при работа, во Сојузот на синдикатите на Македонија, извршен е систематски преглед за сите вработени.
Согласно оваа програма се реализираат и други активности и едукации за вработените во ССМ.
Слика 1: Систематски преглед
Лист 6 од 60