bilten
nacionalna programa za pristojna rabota
ИЗВЕШТАЈ ОД МОТ ЗА ГЛОБАЛНИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ВРАБОТУВАЊЕТО
Проекти и кампањи

ПРВИ МАЈ

plakata maj 2014

plakata maj 2013


plakata maj 2012


plakata maj 2011


plakata maj 2010

Прирачник за синдикати


ITUC
WIM

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ ИЛИНДЕН

2.8.2015
Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, во име на Сојузот на синдикатите на Македонија, на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот и национален празник Илинден, празник кој претставува симбол на Македонската борба за самостојна и независна држава.

Прославувањето на овој празник претставува прославување на стремежот и идеалите на генерации Македонци преточени во нивната борба за слободна Македонија, чествувајќи го нивното дело, но и носејќи ја одговорноста за продолжување на борбата за просперитетна, демократска и европска Македонија.

Нека е честит и вековит празникот!

Сојуз на синдикатите на Македонија
Претседател,
д-р Живко Митревски

ПРОДОЛЖУВА ФОРМИРАЊЕТО НА ЛОКАЛНИ ЕКОНОМСКО- СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ (ЛЕСС) ФОРМИРАН ЛЕСС РЕСЕН

thumb 28-07-2015-img128.7.2015
Во рамките на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, со реализација на Меѓународната Организација на трудот (МОТ), денес во Ресен беше потпишана Спогодба за формирање на ЛЕСС од страна на социјалните партнери и градоначалникот на Општина Ресен.

Слика 1. Формирање на ЛЕСС Ресен

Повеќе...

СРЕДБА НА СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕВРОПСКИОТ ЕКОНОМСКО - СОЦИЈАЛЕН КОМИТЕТ

Слика 1. Средба со претставници на ЕЕСК27.7.2015
Социјалните партнери, членови на Економско- социјалниот совет на 27.7.2015 година, на барање на Европскиот економско- социјален комитет имаа работна средба на која беа дискутирани повеќе прашања поврзани со социјалниот дијалог во Република Македонија, активностите поврзани со работното законодавство, како и активностите на социјалните партнери во однос на социо- економските прашања во РМ.

Слика 1. Средба со претставници на ЕЕСК

Повеќе...

ОДРЖАНА 29ТА СЕДНИЦА НА ЕСС

thumb 27-07-2015-img127.7.2015
Денес во просториите на Министерството за труд и социјална политика се одржа 29тата седница на Економско - социјалниот совет, раководена од Претседателот на советот, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на која присуствуваше и претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски.

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на денешната седница на ЕСС

Повеќе...

ПРАВОТО НА РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ОСТАНУВА - ПРОДОЛЖЕН ОКД ЗА ПРИВАТЕН СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВО ЗА УШТЕ 2 ГОДИНИ

thumb 13-07-2015 img113.7.2015
Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија по повеќе средби, на ден 13.7.2015 година го потпишаа текстот на Спогодбата за именување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и претседателот на ОРМ, Ангел Димитров на преговорите

Повеќе...

ПОСЕТА НА МИСИЈАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД

thumb 01-07-2015-img11.7.2015
Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски одржа работен состанок со претставници на мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд,...

Слика 1. Состанок со тимот на ММФ, предводен од шефот на мисијата Јасемин Рахман

Повеќе...

ПРОДОЛЖУВААТ РАЗГОВОРИТЕ ОКОЛУ ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊА НА ОКД ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО

thumb 24-06-2015-img124.6.2015
На ден 24.6.2015 годна работните тимови во својство на преговарачи од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во состав од претседателите на грански синдикати од приватен сектор и овластените преговарачи од страна на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), ги продолжија преговорите околу измените и дополнувањата на Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството.

Слика 1. Работни тимови од ССМ и ОРМ, предводени од претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и претседателот на ОРМ, Ангел Димитров

Повеќе...

СГИП И ССМ ИМ ГО ЧЕСТИТААТ 20-ТИ ЈУНИ, ДЕНОТ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТНИЦИ, НА СИТЕ РАБОТНИЦИ ОД ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР И ИНДУСТРИЈАТА ЗА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ

thumb 19-06-2015-img119.6.2015
По повод 20-ти Јуни, Денот на градежните работници, секоја година се одржува свечена седница на Советот на СГИП. Исто така, традиционално се одржа и средба со пензионерите, поранешните активисти на СГИП, членови кои дале голем придонес во развојот на синдикалното движење во изминатите години Република Македонија.

Положување цвеќе пред спомен одбележјето кај Градска болница, Скопје

Повеќе...

ПРОДОЛЖУВААТ РАЗГОВОРИТЕ ОКОЛУ ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊА НА ОКД ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО

thumb 15-06-2015-img115.6.2015
Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија продолжија разговорите помеѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на РМ по однос на измените и дополнувањата на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, вклучително и за регресот за годишен одмор.

Слика 1. Претставници од ССМ и ОРМ, предводени од претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и претседателот на ОРМ, Ангел Димитров на денешните преговори

Повеќе...

РАБОТНА ПОСЕТА ВО СВ. НИКОЛЕ

thumb 09-06-2015-img19.6.2015
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски и секретарот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски, на 9.6.2015 година остварија работна посета во синдикалната канцеларија во Св. Николе...

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, секретарот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски и координаторот на канцеларијата/секретар на синдикалната канцеларија во Св. Николе, Јанка Јованова

Повеќе...

ПРЕГОВОРИ СО ОРМ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ОКД ЗА ПРИВАТЕН СЕКТОР

thumb 08-06-2015-img18.6.2015
На 8.6.2015 година Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија ги отпочнаа разговорите за измени и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството во делот на утврдување модалитетите, начинот и висината за исплата на регрес за годишен одмор

Слика 1. Претставници на ССМ на денешните разговори со ОРМ, предводени од претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски

Повеќе...

РАБОТНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ЦРНА ГОРА ВО РМ

thumb 08-06-2015-img28.6.2015
Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски оствари работна средба со амбасадорот на Република Црна Гора, Предраг Митровиќ. На средбата присуствуваше и претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров.

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, амбасадорот на Црна Гора, Предраг Митровиќ и претседателот на ОРМ, Ангел Димитров

Повеќе...

XIX Конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) 21 мај 2015 Охрид, Македонија

thumb 21-05-2015-19ti-kongres-ssm28.5.2015
На 21 мај 2015 година во хотел Инекс Парк Горица, Охрид се одржа XIX Конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). На Конгресот присуствуваа 98 делегати од 17 гранкови синдикати, здружени во ССМ, голем број гости, соработници и социјални партнери од земјата регионот и Европската конфедерација на синдикати (ЕКС).

Повеќе...

ОСТВАРЕНА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИТЕ НА АЛБАНИЈА

thumb 15-05-2015-img115.5.2015
Во рамките на посета која се реализира во Сојуз на здружението на пензионери на Р. Македонија, претседател Драги Аргировски и претседателот Кол Николај Сојузот на синдикати на Албанија (KSSH) беше остварена и работна средба со претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски.

Слика 1. Работна средба на претседателот на ССМ д-р Живко Митревски со претседателот на Сојузот на синдикатите на Албанија (KSSH), Кол Николај и претседателот  на Здружението на пензионери на Македонија, Драги Аргировски

Повеќе...

ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ (МПС)

thumb 06-05-2015-img16.5.2015
Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Македонскиот полициски синдикат (МПС), одржа прес- конференција по повод настаните одржани пред Владата на РМ на 5.5.2015 година, каде беа повредени многу припадници на Министерството за внатрешни работи, членови на Македонскиот полициски синдикат (МПС).

Слика 1: Претседателот на МПС, Тихомир Климоски со членови на претседателството на синдикатот на МПС на прес- конференцијата

Повеќе...

Лист 4 од 60