ОДРЖАН 13ТИОТ КОНГРЕС НА ЕВРОПСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СИНДИКАТИ
29.9-2.10.2015
13тиот Конгрес на Европската конфедерација на синдикати беше одржан под мотото "Застанете во знак на солидарност за квалитетни работни места, работнички права и фер општество во Европа" и истиот беше конципиран преку четири панел дебати...
Слика 1. Обраќање на претседателот на Франција, Франсоа Оланд на 13тиот Конгрес на ЕКС
РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДГОТОВКА НА ТРИПАРТИТЕН АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНОТО ДОГОВАРАЊЕ
22.9.2015
На 21 и 22 септември 2015 година во хотелот Александар Палас, се одржа трипартитна работилница, во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, на која присуствуваа претставници од Сојузот на синдикатите на Македонија, Министерството за труд и социјална политика и останатите социјални партнери.
Слика 1. Присутни на работилницата
РАБОТНА СРЕДБА НА ССМ И СГИП СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА
18.9.2015
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски и претседателот на Синдикатот на градежништво, индустрија и проектирање на РМ, (СГИП), Павел Трендафилов на 18.9.2015 одржаа работна средба со министерот за правда, Аднан Јашари. На средбата присуствуваа и претставници од Стопанската Комора на РМ.
РЕГОНАЛНА ТРИПАРТИТНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФОРМАЛИЗИРАЊЕ НА НЕФОРМАЛНАTA ЕКОНОМИЈА
15-16.9.2015
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски заедно со заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, претставникот од Меѓународната организација на трудот од канцеларијата во Скопје, Емил Крстаноски и претседателот на Бизнис конфедерација на Македонија, Миле Бошков присуствуваат на Регионалната конференција за Формализирање на неформалната економија, која се одржува во Бечиќи, Будва, Црна Гора, во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Министерството за труд и социјална политика на Република Црна Гора.
Слика 1. Учесници на конференцијата
ОДРЖАНА ПРВАТА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ССМ
9.9.2015
На ден 9.9.2015 година се одржа првата конститутивна седница на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), на којашто беа верификувани мандатите на членовите на Советот на ССМ, а беше комплетирано и раководството на ССМ.
Слика 1. Прва конститутивна седница на Советот на ССМ, обраќање на поранешниот секретар на ССМ, Анѓелко Анѓелковски
Продолжена соработката на синдикатите здружени во ССМ и ССМ со Хак-Иш
11.9.2015
Синдикатот на работниците од локалната самоуправа и јавни служби на Р. Турција ХИЗМЕТ- ИШ подолго време имаат воспоставено соработка со Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Р. Македонија (УПОЗ) кој е синдикат здружен во ССМ.
Слика 1. Делегација од Сојузот на синдикати на Турција Хак-Иш во посета на ССМ
ОДРЖАНИ 20ТЕ ЈУБИЛЕЈНИ ПЕНЗИОНЕРСКИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ
4.9.2015
Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ) како најмасовна организација на пензионери во Република Македонија, традиционално како и секоја година во духот на развивање на спортските активности на пензионерите ги одржа своите 20те јубилејни пензионерски спортски натпревари.
Слика 1. Присутни на 20те јубилејни пензионерски спортски натпревари
РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И СЕКРЕТАРОТ НА ССМ НА СИНДИКАЛНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ВО МАКЕДОНСКИ БРОД
Во рамките на програмата за работа и активностите на ССМ за реализација на определени прашања поврзани со територијалната структура на ССМ, како и запознавање со состојбите на вработените во поодделни општини, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и секретарот на Советот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски на 3.9.2015 извршија работна посета на синдикалната канцеларија во Македонски Брод, а за актуелните состојби на општината беа запознаени од синдикалниот координатор Деан Петковски.
Истовремено беа реализирани и повеќе посети во одредени синдикални организации.
РАБОТНА СРЕДБА НА ССМ И СРСВМ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
2.9.2015
На 2.9.2015 година беше одржана работна средба на која присуствуваа претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, претседателот на СРСВМ, Методија Димески и министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.
ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ
28.8.2015
Почитувани,
Со особено задоволство, од името на Сојузот на синдикатите на Македонија и од мое лично име Ви го честитам 28 август – Денот на рударите. Ова е Ден кога рударите достоинствено слават за напорите, храброста и победата над безбројните неизвесности кои секојдневно ги носи оваа тешка професија.
Сојузот на синдикатите на Македонија искажува солидарност и им дава огромна поддршка на рударите во нивната заложба, пред сé, да работат во безбедни и здрави услови, кои нема да претставуваат ризик и да го загрозуваат нивното здравје и живот. Нивниот труд да биде наградуван со плати со кои ќе си овозможат соодветен животен стандард за себе и своите семејства, за бенефиции кои ги заслужуваат со нивната пожртвуваност во извршувањето на работните обврски.
Остварувањето и унапредувањето на уставно загарантираните права од работа на рударите претставува и натаму стратешки приоритет за Сојузот на синдикатите на Македонија, со желба и надеж рударите со своите знаења и вештини да триумфираат над секојдневните предизвици со кои се соочуваат при работата.
Со почит,
Сојуз на синдикатите на Македонија
Претседател
д-р Живко Митревски
ФОРМИРАН НОВ ЛОКАЛНО ЕКОНОМСКО- СОЦИЈАЛЕН СОВЕТИ (ЛЕСС) ВО ОПШТНА СВЕТИ НИКОЛЕ
27.8.2015
Иницијативата на Сојузот на Синдикатите на Македонија водената по повод Првомајската кампања во 2013 година, а која се однесуваше на потребата од формирање на Локално- економски социјални совети (ЛЕСС) се повеќе и повеќе се етаблира во Р. Македонија поттикната во конкретниот случај во рамките на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, со реализација на социјалните партнери и Меѓународната Организација на трудот (МОТ).
Слика 1. Формирање на ЛЕСС Свети Николе
ПИСМО УПАТЕНО ОД РСС „СОЛИДАРНОСТ“ ДО САМИТОТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН
27.8.2015
Регионалниот Синдикален Совет „Солидарност“ по повод Самитот за Западен Балкан, кој се одржува во Виена на 27.8.2015 година, на кој учествуваат лидери од регионот и ЕУ и каде основна тема е да се поттикне европскиот пат на регионот и да се обиде да се најде решение за проблемот со мигрантите, упатува апел до Комесарот на Европа, Јоханес Хан.
ПРОДОЛЖУВА ФОРМИРАЊЕТО НА ЛОКАЛНИ ЕКОНОМСКО- СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ (ЛЕСС) ФОРМИРАН ЛЕСС ВЕЛЕС
26.8.2015
Во рамките на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, со реализација на Меѓународната Организација на трудот (МОТ), денес во Велес беше потпишана Спогодба за формирање на ЛЕСС од страна на социјалните партнери и градоначалникот на Општина Велес.
Слика 1. Формирање на ЛЕСС Велес
РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ И СИНДИКАТОТ ЗА ШУМАРСТВО ВО СИНДИКАЛНАТА ПОДРУЖНИЦА ПРИ ЛЕШНИЦА ТЕТОВО
20.8.2015
Спроведувањето на колективниот договор, непосредниот увид, безбедност и здравје на вработените, беа централната тема на работната посета на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на РМ (СШДЕ), д-р Живко Митревски и на претставникот на менаџментот на ЈП Македонски Шуми, Маријан Стојановски, во подружницата при Лешница- Тетово.
Слика бр.1. Претседателот д-р Митревски со претставникот на менаџментот на ЈП Македонски Шуми, Маријан Стојановски со претседателот на подружницата при Лешница- Тетово, Роберт Златевски
РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЕДУКАТИВНИОТ КОНЦЕПТ - ОБУКА НА СИНДИКАЛНИ ЛИДЕРИ ЗА ПОДОБРА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА К.Д ВО ШУМАРСТВОТО-
19.8.2015
Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на РМ (СШДЕ), во рамките на спроведувањето на програмата за обука на Синдикални лидери, во соработка со BWI, на 19.8.2015 г., одржа заеднички состанок со менаџментот на ЈП Македонски Шуми, на кој присуствуваа и претседателот на СШДЕ, д-р Живко Митревски, како и генералниот директор на ЈП Македонски Шуми, г-дин Жарко Караџовски.
Слика бр.1. Претседателот д-р Митревски на состанокот со менаџментот на ЈП Македонски Шуми и претставниците од синдикатот
Лист 3 од 60