АКТИВНОСТИ НА ССМ ЗА БЗР ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА
11.2.2016
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во рамките на кампањата „За сигурни работни места“, која ја спроведуваше по повод 1-ви Мај „Ден на трудот“, заедно со гранските синдикати здружени во ССМ, реализираше Измени и дополнувања на Законот за безбедност и здравје при работа (БЗР).
Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на прес- конференцијата
РАБОТИЛНИЦА ЗА РАБОТНА ГРУПА РЕФОРМИ ВО СИНДИКАТОТ: ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МЛАДИТЕ ВО СИНДИКАТИ
29.1. - 1.2.2016
Регионален синдикален совет "Солидарност" во рамките на проектот "На патот кон ЕУ", организираше Камп за млади, работилница на тема: "Структура на младите во синдикалните организации во Регионалниот Синдикален Совет "Солидарност" и генерално во Западен Балкан, како и ситуацијата на младите во синдикатите и општество" во х. Милениум во Охрид од 29.1. до 1.2.2016 година.
Слика 1. Учесниците на Кампот за млади
КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЛОКАЛНО ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ СОВЕТИ
28.1.2016
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски присуствуваше на Конференција за локалните економско- социјални совети, на која домаќин беше УСАИД преку Проектот за стекнување вештини за вработување кај младите (Мрежа ЈЕС).
Слика 1. Претседателот на МПС, Тихомир Климоски во улога на претседавач на конференцијата
ОДРЖАН 7-ОТ КОНГРЕС НА СИНДИКАТОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ОД ТЕКСТИЛНАТА, КОЖАРСКАТА И ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА НА РМ
27.1.2016
На 27. 01 2016 година се одржа 7-от Конгрес на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ по мотото “Време е заедно да го оствариме правото на достоинствен труд”.
Слика 1. 7ми Конгрес на СТКЧ
ОДРЖАН СЕМИНАР ЗА КОЛЕКТИВНОТО ДОГОВАРАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ЕВРОПА
27.1.2016
Во рамките на проектот „Колективното договарање и застапување на привремените работници во Европа. Развој и зајакнување на индустриските односи како одговор на промените на европскиот пазар на труд“, Сојузот на синдикатите на Македонија на 27.1.2016 година, одржа семинар на кој ги презентираше резултатите од истражувањето спроведено во ЕУ 28 и 5 –те држави вклучени во проектот Македонија, Шпанија, Португалија, Италија и Германија.
Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на отворањето на семинарот
РАБОТНА ПОСЕТА НА РЕГИОНАЛНАТА СИНДИКАЛНА КАНЦЕЛАРИЈА ВО РАДОВИШ
24.1.2016
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски на 24.1.2016 г. оствари работна средба во Регионалната синдикална канцеларија во Радовиш со секретарот на канцеларијата Зорка Андоновска.
Слика бр.1. Претседателот д-р Митревски со секретарот на РСК Радовиш, Зорка Андонова
ОТВОРЕНА ПРВАТА БИОГАСНА ЦЕНТРАЛА
22.1.2016
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, присуствуваше на отворањето и пуштање во употреба на првата биогасна централа на Земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола во битолското село Новаци.
Слика 1. Претседателот д-р Митревски на отворањето на првата биогасна централа
СОСТАНОК НА МЛАДИ ОД ЈУГО ИСТОЧНА ЕВРОПА: УЛОГАТА НА КОМУНИКАЦИЈАТА ВО СИНДИКАТИТЕ
2 и 3.12.2015
На 2 и 3ти декември 2015 година во Скопје од страна на Пан- европскиот регионален совет (ПЕРК) се одржа дводневна работилница насловена: „Улогата на комуникацијата во синдикатите“.
Слика 1. Учесниците на работилницата, претставници од секциите на млади од ЈИЕ
ПОТПИШАНИ НОВИ КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ ВО ТЕКСТИЛНАТА И КОЖАРСКО ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА
4.12.2015
Претседателот на Здружението за текстилна индустрија при Организацијата на Работодавачи на Македонија, г-дин Димитар Поповски и претседателот на здружението за кожарско чевларска индустрија при Организацијата на Работодавачи на Македонија, г-дин Костадин Барзов и г-дин Ангелко Ангелковски, претседател на Синдикатот на работниците од текстилна, кожарска и чевларска индустрија при ССМ, денеска свечено ги потпишаа колективните договори за текстилната индустрија и за кожарско- чевларската индустрија.
ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ССМ ВО ОДБРАНА НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА
18.11.2015
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), водеше борба за остварување на работничките права поврзани со остварувањето на правото на плата, минимална плата, регрес за годишен одмор и друг додатоци и надоместоци.
ПОТПИШАН НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МАКЕДОНСКА ЖЕЛЕЗНИЦА - ИНФРАСТРУКТУРА
17.11.2015
Синдикатот на железничарите на Македонија- инфраструктура на 17.11.2015 година потпиша нов колективен договор за вработените во Македонска железница- инфраструктура.
Слика 1. Директорот на Македонска железница- инфраструктура, Ирфан Асани и Претседателот на СРСВМ воедно и претседател на Синдикатот на железничарите на Македонија- инфраструктура, Методија Димески
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ ОСТВАРИ СРЕДБА СО НАЧАЛНИКОТ ГШ НА АРМ
5.11.2015
На 5-ти ноември 2015 година, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски оствари средба со началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник, Методија Величковски.
Слика 1. Претседателот, д-р Митревски на средбата со генералот Величковски
ЗАПОЧНАТА КАМПАЊА ЗА БОРБА ПРОТИВ СИВАТА ЕКОНОМИЈА И НЕПРИЈАВЕНАТА РАБОТА
2.11.2015
Сојузот на синдикатите на Македонија и Секцијата на млади при Сојузот на синдикатите на Македонија на 2.11.2015 година започнаа со спроведување на кампања за сивата економија, со наслов: "Приклучи се и кажи СТОП за сивата економија, кажи СТОП за непријавената работа"...
Слика 1. Претседателот д-р Митревски на панел дебатата
ОДРЖАНА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА НА РСС СОЛИДАРНОСТ И ОДБОРОТ НА МЛАДИ НА РСС СОЛИДАРНОСТ
9-14.10.2015
Во периодот од 9-14 октомври 2015 година, во Скопје се одржа регионална средба на Регионалниот синдикален совет „Солидарност“ и ЕКС на која пленарна средба имаа РСС „Солидарност“ и Одборот на млади на РСС „Солидарност“.
Слика 1. Пленарна седница на Одборот на млади на РСС Солидарност
ССМ ГО ОДБЕЛЕЖA 7МИ ОКТОМВРИ, СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА
7.10.2015
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Секцијата на млади при Сојузот на синдикатите на Македонија (СМССМ) со прес-конференција и панел дебата на тема "Пристојна работа за сите" го одбележа 7 октомври „Светскиот ден на пристојната работа“.
Слика 1. Прес конференција- Светски ден за пристојна работа
Лист 2 од 60