ТРИПАРТИТНА СРЕДБА ЗА ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИ ВО ПРОГРАМА ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА 2014-2017
21.10.2014
На 21 октомври 2014 година претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, учествуваше на трипартитна средба за дефинирање на приоритетите во Програмата за пристојна работа 2014-2017.
Слика 1. Претседателот д-р Митревски на поединечните консултации со претставикот од МОТ, Овидиу Журка
ПОТВРДА НА АКТИВНОСТИТЕ НА СИНДИКАТИТЕ ЗДРУЖЕНИ ВО ССМ
16-17.10.2014
Голем успех и потврда на активностите на Синдикатот на шумарство, дрвна индустрија и енергетика на РМ, (СШДЕ) и Синдикатот на градежништво, индустрија и проектирање на РМ, (СГИП) е верификуван на европската конференција и состанокот на Европскиот комитет на Светската федерација на синдикатите на градежништво шумарство и дрвна индустрија (BWI) одржана на 16-17 октомври.
Слика 1. Состанок на BWI
ИНТЕРВЈУ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ ЗА РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА
9.10.2014
На 9 октомври 2014 година претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, учествуваше во емисијата „Бројки“ во Радио Слободна Македонија.
Слика 1. Претседателот д-р Митревски во Радио Слободна Македонија
ОДБЕЛЕЖАН 7 ОКТОМВРИ, СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА
7.10.2014
Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија во организација на Секцијата на млади и Секцијата на жени при ССМ се одржа Трибина по повод 7 октомври- Светски ден за пристојна работа на тема „Основни принципи врз кои се темели пристојната работа“.
Слика 1: Претседател на Секцијата на млади, м-р Лидија Насковска, претседател на Секцијата на жени, Елизабета Гелевска и претставник од МТСП, Горан Велевски
ОДРЖАНА СЕДМА ЛЕТНА ШКОЛА НА ПЕРК
6-7.10.2014
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски од 6 до 7 октомври присуствуваше на Седмата летна школа на Пан Европски Регионален Совет- ПЕРК во Братислава.
Слика 1. Претседателот д-р Митревски на обраќањето
ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА НА СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ ПО ПОВОД НОВИOТ ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА.
5.10.2014
- СЕ ЗАЈАКНУВА УЛОГАТА НА СИНДИКАТИТЕ ВО ЗАШТИТАТА НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА И НИВНАТА БЕЗБЕДНОСТ -
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претседателот на Организација на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров на 5.10.2014 година, одржаа заедничка прес конференција во просториите на Министерството за труд и социјална политика, на која информираа за Законот за изменување и дополнување на законот за безбедност и здравје при работа.
Слика 1: Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претседателот на ОРМ, Ангел Димитров на денешната прес- конференција во Министерството за труд и социјална политика
ПРЕГОВОРИТЕ ЗА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ВО ПРЕХРАМБЕНАТА ИНДУСТРИЈА И РАБОТНИТЕ ПОСЕТИ НА ССМ ПРОДОЛЖУВААТ
30.9.2014
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, претседателот на Синдикатот од АГРО индустрискиот комплекс, Живко Даневски и секретарот на Советот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски, имаа работна посета во претпријатието „МИК“ Свети Николе.
Слика 1. Претседателот д-р Митревски на работната посета во „МИК“ – Свети Николе
18-ТА СИНДИКАЛНА ШКОЛА НА СИНДИКАТОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ФАРМАЦИЈА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА РМ
26-28.9.2014
Од 26 до 28 септември 2014 г. во Охрид, се одржа 18-тата по ред Синдикална школа на Синдикатот за здравство, фармација и социјална заштита на РМ...
Слика 1. Присутните на 18-тата Синдикална школа на Синдикатот за здравство, фармација и социјална заштита на РМ
ОДРЖАН III-ОТ КАМП НА ОДБОРОТ НА МЛАДИ НА РЕГИОНАЛНИОТ СИНДИКАЛЕН СОВЕТ “СОЛИДАРНОСТ“
18-21.9.2014
Од 18 до 21септември во Марија Бистрица, Хрватска се одржа III камп на Одборот на млади на Регионалниот синдикален совет „Солидарност“ на кој свое учество земаа вкупно 46 членови на синдикалните централи од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија. Како гости на кампот присуствуваа гости од Австрија, членови на синдикална конфедерација OGB и PRO-GE...
Слика1. Учесници на кампот
ПРОДОЛЖУВА ПОТПИШУВАЊЕТО НА КД НА ЗДРУЖЕНИТЕ СИНДИКАТИ ВО ССМ - ПОТПИШАН КД ЗА ЗАШТИТНИ ДРУШТВА НА МАКЕДОНИЈА-
25.09.2014
Во рамките на стратегијата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за развој на социјалниот дијалог и доуредување на правата и обврските на вработените на 25.9.2014, во просториите на ССМ потпишан е колективен договор за заштитни друштва од страна на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбено стопанство, занаетчиство и заштитни друштва на Македонија (СУТКОЗ) и Заедниците на заштитни друштва на Македонија (ЗАПОВИМ) при Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ)...
Слика 1. Потпишување на КД за заштитните друштва на Македонија
ОДРЖАНА 42РА СЕДНИЦА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА ССМ
23.09.2014
Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија ја одржа 42-рата седница на која што беа разгледани повеќе информации и тоа: Информација за состојбата со потпишани колективни договори и колективно договарање, информација за активностите на ССМ околу исплата на регресот за годишен одмор, информација за одржана седница на ЕСС, како и други тековни прашања...
РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СИНДИКАТОТ ЗА ШУМАРСТВО ДРВНА ИНДУСТРИЈА И ЕНЕРГЕТИКА НА Р. МАКЕДОНИЈА- СШДЕ ВО СРБИЈА
18.09.2014
Претседателот на Синдикатот на шумарство дрвна индустрија и енергетика на Р. Македонија- СШДЕ, воедно и претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, на 18.9.2014 година имаше координативна работна средба со претседателот на Самостојниот синдикат за шумарство и преработка на дрво на Србија, Радомир Стевиќ...
Слика 1. Претседателот Митревски со претседателот на Самостојниот синдикат за шумарство и преработка на дрво на Србија, Радомир Стевиќ
ЕДНОДНЕВНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСВЕТЕНА НА СИНДИКАЛНОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ И АКТУЕЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО ТУРИЗМОТ
15.9.2014
Во организација на регионалните канцеларии на ФЕС од Белград, Р. Србија и Тирана, Р. Албанија, на 15.9.2014 г., беше одржана еднодневна Конференција посветена на синдикалното организирање и актуелните проблеми во туризмот, со посебен акцент на делови од туризмот и перспективите за натамошен развој.
Слика 1. Претседателот Митревски на конференцијата
УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ЗАВРШЕНА ПРВОМАЈСКА КАМПАЊА НА ССМ-ПРИФАТЕНИ БАРАЊАТА НА ССМ ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЗР
15.09.2014
На 15.09.2014 година во просториите на Министерството за труд и социјална политика, се одржа 24-тата седница на Економско- социјалниот совет на која присуствуваа социјалните партнери членови на ЕСС...
ТВИНИНГ ПРОЕКТ „ПОДДРШКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНИ МЕРКИ И УСЛУГИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ“
03.09.2014
Денес претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, присуствуваше во „Музејот на македонската борба“ по повод свеченоста за отпочнување на Твининг проектот „Поддршка на Агенцијата за вработување за спроведување на активни мерки и услуги на пазарот на трудот“, финансиран...
Лист 8 од 60