ОДРЖАН ПЕТТИОТ КОНГРЕС НА СИНДИКАТОТ НА СГИП
21.5.2016
На 21ви мај 2016-та година во Крушево се одржа Петтиот Конгрес на СГИП. На Конгресот се одбележа јубилеј од 80 години од првиот штрајк на градежните работници од 20.06.1936-та година кога се поставени темелите на синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија.
Слика 1. Претседателот на СГИП, Павел Трендафилов
КОНСУЛТАТИВНА ДЕБАТА ЗА ПОДГОТОВКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ 2016-2020
4.5.2016
Во рамките на спроведување на програмските определби за реализација на едукативниот концепт на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), на ден 4.5.2016 година претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски присуствуваше на консултативна дебата за претставниците од давателите на образование за возрасни од проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образование 2016-2020“.
Слика 1. Претседателот д-р Живко Митревски на состанокот
ОДБЕЛЕЖАН 28 АПРИЛ- МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
28.4.2016
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски, учествуваше на тркалезната маса организирана од Националниот совет за безбедност и здравје при работа, на тема „Несреќи, повреди и смртни случаи при работа во Република Македонија“, со што беше одбележан 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.
Слика 1. Тема на овогодинешното одбележување на Светскиот ден за БЗР
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОРМ
Претседателот на ССМ, д-р живко Митревски и претседателот на организација на работодавачи на Македонија (ОРМ), Ангел Димитров, како два репрезентативни партнери во приватен сектор, остварија работна средба на којашто разговараа за повеќе теми поврзани со социјалниот дијалог, актуелната политичка криза и проблемите.
Слика 1. Претседателот д-р Живко Митревски на состанокот
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС
1ви мај Меѓународен ден на трудот 2016 година
1ви Мај – Меѓународниот ден на трудот е ден кога ја славиме историската борба на работниците за подобри работнички права, посигурни работни места, подобра и посигурна социјална и економска положба на нив и нивните семејства.
Денес синдикатите се исправени пред силни предизвици наметнати од неолибералните политики од сеуште присутната економска криза, а во Република Македонија дополнително исправени и пред сериозната политичка криза.
ПОДОБРЕНА СОСТОЈБАТА СО БЗР ВО РАМКИТЕ НА РЕГИОНАЛНОТО СИНДИКАЛНО ПРЕСТАВНИШТВО КАВАДАРЦИ
4.3.2016
Анализата на ССМ РСП Кавадарци изнесена на работниот состанок одржан на ден 4.3.2016 година во Кавадарци спроведена преку анкета во Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Гевгелија презентирана од секретарот на РСП Кавадарци, Стојко Мурџавалевски покажа дека по донесување на законот за БЗР драстично е подобрено.
Слика 1. Д-р Живко Митревски на состанокот
ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ГРАНКА
3.3.2016
Независниот синдикат на вработени во енергетскиот сектор на Македонија и Здружението за енергетика при Организацијата на работодавачи на Македонија, вчера потпишаа нов Колективен договор со кој се регулираат правата и обврските на социјалните партнери од оваа област.
Слика 1. Раководството на потпишување на колективниот договор
СОСТАНОК ЗА БЗР ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА СИНДИКАТИТЕ ЗДРУЖЕНИ ВО ССМ ЗА РЕГИОНОТ ШТИП И ПРОБИШТИП
2.3.2016
Во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), во рамките на проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право”, на 2.3.2016 година во Штип, пред претседателите на синдикалната организација од Штип и Пробиштип, државниот инспекторат на труд, работодавачите, граѓанските организации, претставници од Правениот факултет од Штип, организираа работен состанок
Слика 1. Претседателот на ССМ на состанокот
РАБОТНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СРСВМ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ СО МЕНАЏМЕНТОТ НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ
2.3.2016
На ден 02.03.2016 претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски и претседателот на Синдикатот за сообраќај и врски на Р. Македонија (СРСВМ), Методија Димевски, имаа работна средба со претставниците на МЖ Транспорт АД Скопје, генералниот директор на МЖ Транспорт и претседател на Управниот одбор, г-дин Никола Костов, и Директорот за правни работи, човечки ресурси и корпоративни функции г-ѓа Јулијана Веригик.
Слика 1. Раководството на ССМ и МЖ Транспорт на состанокот
КАМПАЊАТА ЗА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЗР И ЕДУКАЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СИНДИКАЛНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ССМ И МЗЗПР ПРОДОЛЖУВААТ СО НЕСМАЛЕНО ТЕМПО - КУМАНОВО
29.2.2016
Во Куманово на 29.2.2016 година пред претседателите на С.О., претставниците на инспекторатот и локалната самоуправа претставниците на приватни претпријатија и граѓанските организации беше организиран работен состанок за БЗР.
Слика 1. Отворање на работниот состанокот
ТРЕТ РАБОТЕН СОСТАНОК ПО ОДНОС НА ПРОЕКТОТ ЗА БЗР - БИТОЛА -
25.2.2016
На ден 25.2.2016 год. во Битола, Сојузот на Синдикатите на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, одржаа прес-конференција и работен состанок со социјалните партнери, граѓански организации, медиуми, претставници од релевантни сектори и други засегнати чинители од регионот во состав на проектот: „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право”.
Слика 1. Отворање на работниот состанокот
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА
24.2.2016
На 24ти февруари 2016 година во претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со претставници на Организацијата на работодавачи на Македонија, Бизнис конфедерацијата на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Државниот инспекторат за труд, присуствуваше на потпишувањето на меморандумот за соработка во борат против непријавената работа
Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на потпишувањето на меморандумот
ПРОДОЛЖУВААТ РАБОТНИТЕ СОСТАНОЦИ ПО ОДНОС НА ПРОЕКТОТ ЗА БЗР - ВЕЛЕС -
23.2.2016
На ден 23.2.2016 год. во Велес, Сојузот на Синдикатите на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, одржаа прес-конференција и работен состанок со социјалните партнери, граѓански организации, медиуми, претставници од релевантни сектори и други засегнати чинители од регионот во состав на проектот: „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право”.
Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на прес-конференцијата
ПРВ РАБОТЕН СОСТАНОК ПО ОДНОС НА ПРОЕКТОТ ЗА БЗР - СТРУМИЦА -
19.2.2016
На ден 19.2.2016 год. во Струмица, Сојузот на Синдикатите на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, одржаа прес-конференција и работен состанок со социјалните партнери, граѓански организации, медиуми, претставници од релевантни сектори и други засегнати чинители од регионот во состав на проектот: „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право”.
Слика 1. Учесници на работниот состанокот
ЕВАЛУАЦИЈА И СРЕДНОРОЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОЕКТОТ НА МОТ - ПОДОБРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ
18.2.2016
На 18ти февруари 2016 година во Сојузот на синдикатите на Македонија во состав на проектот на МОТ "Подобрување на социјалниот дијалог", се одржа состанок со г-ѓа. Лејла Тановиќ, евалуатор на Меѓународната организација за труд МОТ.
Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на состанокот со евалуаторот од МОТ г-ѓа Лејла Тановиќ
Лист 1 од 60